Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд

Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, знаевте ли дека постои суеверие според кое одењето на фризер во среда носи лоша среќа?

nikoj-ne-odi-na-frizer-vo-sreda-i-ushte-8-fakti-za-zhivotot-vo-tajland01.jpg

Тајланд е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, и тоа од многу причини. Од кујната, преку плажите, до природата, Тајланд е земја која нуди многу.

Но, Тајланд е и земја чие население има многу поразличен живот од нашиот.

Девет забавни факти за животот во Тајланд:

Жените речиси и да немаат породилно отсуство

Жените во Тајланд добиваат најмногу 98 дена породилно отсуство. Претходно, добиваа и помалку – 90 – но законот беше променет во 2019 година.

nikoj-ne-odi-na-frizer-vo-sreda-i-ushte-8-fakti-za-zhivotot-vo-tajland-02.jpg

Давањето комплименти на деца е неучтиво

Додека во повеќето држави е сосема нормално да им кажете на родителите дека нивното детенце е паметно или слатко, ова не важи во Тајланд.

Комплиментите упатени кон децата се сметаат за лоша среќа.

Интересно е што и кај нас постои слично старо верување – ако му давате многу комплименти на некој, можете да го „урочите“.

nikoj-ne-odi-na-frizer-vo-sreda-i-ushte-8-fakti-za-zhivotot-vo-tajland-03.jpg

Во постарите куќи нема кујни

Иако ова денес се менува, во голем дел од постарите домови во Тајланд кујната е сместена надвор од куќата.

Во помодерните куќи (и становите) кујните сепак се прават внатре.

nikoj-ne-odi-na-frizer-vo-sreda-i-ushte-8-fakti-za-zhivotot-vo-tajland-04.jpg

Многу девојки носат кратки панталони под здолништата

И ова е уште едно правило што се менува, но сепак се сретнува.

Младите девојки се советувани да носат кратки панталони под здолништата, но во помодерно време голем дел одбиваат да ја почитуваат оваа „традиција“.

Тајланд е сепак земја со генерално топла клима, па нормално е што девојките ги менуваат правилата.

nikoj-ne-odi-na-frizer-vo-sreda-i-ushte-8-fakti-za-zhivotot-vo-tajland-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg