Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд
Некои мажи носат два пара долна облека
Според многу мажи во Тајланд, боксерките не се долна облека.
Па, си ги носат како кратки панталони, а под нив носат друг пар долна облека.
Избегнуваат да одат на фризер во среда
Според старо суеверие, одењето на фризер во среда носи несреќа. Поради ова, многу фризерски салони во Тајланд воопшто не работат во овој ден.
Речиси никогаш не носат костими за капење на плажа
Додека туристите одат во Тајланд за да се сончаат и да се бањаат, на локалците им е „преку глава“ од сонцето.
Поради ова, ретко кога ќе видите Тајланѓанец на плажа во костим за капење.
Масажите се задолжителни
Тајланѓаните се експерти за масажа и многу добро го знаат нејзиниот ефект.
Па, повеќето настојуваат да одат на масажа барем еднаш неделно.
Со секој оброк се служат краставици
Краставиците се локален зеленчук и се можеби најевтината храна што можете да ја најдете во Тајланд.
Па, поради ова ги служат со скоро секој оброк, без разлика дали дома или во ресторан.
Спирова С. | Црнобело