Не е исто да дадеш гол и да се шеташ гол - 25 примери за хомоними во македонскиот јазик

ne-e-isto-da-dadesh-gol-i-da-se-shetash-gol-25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-13.jpg

ЧАС

Ученици, часот заврши!

До колку часот ќе трае прославата?

МАСА

Треба да купиме нова трпезариска маса.

На концертот се собра огромна маса луѓе.

КЛУПА

Училишните клупи останаа празни за распустот.

Општината ги обнови сите искршени клупи во паркот.

25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-02.jpg

ПОЗДРАВ

Колку повеќе конзумираш овошје и зеленчук, толку поздрав ќе бидеш!

Сите му испратија срдечен поздрав на колегата во болница.

ПАТИ

Колку пати треба да ти го објаснувам истото?

Откако заминаа на одмор, кучето цело време пати по нив.

ЖИВА

Внимателно со топломерот, во него има жива, опасно е!

Се посветив на себе и повторно се чувствувам жива.

ЛЕНТА

На букетот ставивме жолта лента.

Конечно го проширија патот со уште една лента.

25-primeri-za-homonimi-vo-makedonskiot-jazik-03.jpg

ПОД

Во викендицата сменивме под, сега е со ламинат.

Куќата се наоѓа веднаш под црквата.

ПОЛОВИНА

Половина торта замрзнав за друг пат.

Од студот ми настрада половината.

ПРЕДМЕТ

Географија ми е најинтересен предмет.

Секогаш за подарок на свадби носат пари, наместо некој убав предмет.

ГЛАС

На следните избори не знам за кого ќе го дадам мојот глас.

Таа е уметник со феноменален глас.

БАНАНА

Научив да правам превкусна торта со банана.

Кошаркарот со банана потег успеа да спречи противничкиот играч да даде кош.

Кара | Црнобело / depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg