Загрижен маж бара совет
Иако за многумина веќе добро познат скеч од К-15, сметавме дека овој текст заслужува место во нашата база со "Евергрини".
Во продолжение молбата за совет на еден маж:
Имам голем проблем и ве молам за искрен совет. Веќе половина година жена ми чудно се однесува. Кога е во мое друштво, шепоти додека разговара на мобилен, примените пораки веднаш ги брише и не ми дозволува да ги читам.
Кога ќе излезе во град, доцна се враќа и вели дека била со пријателки кои јас не ги познавам. Не го користи својот автомобил, туку зема такси. Кога се враќа дома, наводниот таксиста не ја остава пред зграда, туку 100 метри подолу на улицата.
Бидејќи тоа ми стана сомнително, одлучив сам да се уверам дали се работи за такси или пак некој друг ја враќа дома.
Смислив генијална идеја да го паркирам автомобилот во близина на местото каде што излегува од такси и скриен зад автомобилот самиот да се уверам во тоа.
Една вечер додека така чучнат седев скриен зад автомобилот, забележав дека ми се појавила корозија над задниот десен калник.
Значи, ми треба ваш совет: дали да го заменам комплетниот калник или доволно е да ја застругам корозијата, да го премачкам калникот со шприц кит и сето тоа убаво да го излакирам?
Однапред благодарен!