Кога на сон ни доаѓаат оние кои не се со нас на јаве, од љубов коски на парчиња се кршат...

Ќе речат: „Обичен сон ајде... Обиди се да заспиеш“.

koga-na-son-ni-doagjaat-onie-koi-ne-se-so-nas-jave-od-ljubov-koski-na-parchinja-se-krshat-01.jpeg

Седам буден додека часовникот незабележливо си ги ниже своите секунди.

Точно 05:24 часот. На дланките сѐ уште го чувствувам мирисот на твојата кожа, а душата ми тежи, ме стега како некој безмилосно да ја гази и не ја остава да дише.

На сон ми се јави, а не си тука на јаве – каков убав сон, светол како твоето лице, а темна е вистината дека сепак е само илузија.

Те допирам, те прегрнувам, со раширени раце – како да го прегрнувам целиот свет.

Непрекинато ми зборуваш и се трудам да го запомнам секој најмал детаљ, секој сврзник, секоја воздишка која ја споделуваш со мене.

На сон ми се јави, а не си тука на јаве – количество на среќа којашто едно човечко тело не може да ја издржи.

Си велам: „Ти си тука сето ова време, а јас пак заглавен во ѓаволски кошмар!“

Повторно заблуда... Камо среќа да можевме да ги промениме улогите.

На сон ми се јави, а не си тука на јаве – те прашувам „Зошто замина?!“, а ти со твојата насмевка го одвраќаш моето прашање, небаре воопшто не било ни поставено.

Во твоите очи гледам среќа. Ми ги раскажуваш твоите секојдневни шеги, кои само ти и јас ги разбираме. Се смееме на нив по стоти пат.

На сон ми се јави, а не си тука на јаве – ти кажувам колку многу недостига твоето присуство, колку проклето не е ништо како што беше, без тебе.

Ме прегрнуваш толку силно, што од љубов коски на парчиња се кршат. И тука следува она вообичаеното: „Така требало да биде“.

На сон ми се јави, а не си тука на јаве – ти велам: „Тешко е ова учење, да живееш со празнина во срцето“.

Силна грмотевица го погодува прозорецот од мојата спална соба. Токму кога сакаше да изустиш нешто.

Црна темница, морничава тишина и капки дожд кои се леат по прозорците. Срцево со изведба на аритмички танц. Чувство кое не се опишува...

Ќе се сретнеме повторно, знам. Макар и да ги поминам 9-те круга на Пеколот и да играм шах со Луцифер.

И повторно ќе речат: „Обичен сон ајде... Обиди се да заспиеш“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg