Дефиниции за бракот
-->
На Интернет кружат многу пораки, коментари и прилози воглавно од анонимни луѓе. И покрај тоа, некои од нив се мали бисери кои заслужуваат дa бидат објавени.
Еве неколку различни дефиниции за бракот:
-->
- Правна дефиниција: бракот е доживотна робија во која осуденикот се ослободува само поради лошо однесување.
- Црковна дефиниција: бракот е религиски чин во кој добиваме уште еден распнат, а губиме уште една девица.
- Животна дефиниција: во бракот ни една жена не го добива она на што се надевала и ниеден маж не се надевал на тоа што го добива.
- Математичка дефиниција: бракот е собирање на гњаважа, одземање на слобода, множење на одговорности и делење на пари.
- Нутриционистишка дефиниција: бракот е најдобар начин да се здебелиш.
- Воена дефиниција: бракот е војна во која спиеме со непријателот.
- Филозофска дефиниција: бракот е место каде взаемно се делат и решаваат проблеми кои не би ги имале ако не сме во брак.
За крај, следуваат и сексуалните дефиниции на бракот:
- Пред: два пати дневно; Потоа: два пати месечно.
- Пред: те остава без здив; Потоа: те гуши.
- Пред: „Не престанувај...“; Потоа: „Не почнувај...“
- Пред: грозница во сабота навечер; Потоа: фудбал во недела навечер.
- Пред: „Се прашувам што би правел без неа...“; Потоа: „Се прашувам што да правам со неа...“
- Пред: еротично; Потоа: невротично.
- Пред: вчера спиевме на каучот; Потоа: вчера морав да побегнам од брачниот кревет и да спијам на кауч.
Дали е сево ова точно? Тоа може да кажат само оние што се во брак....
Би можело да ве интересира:
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето
Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате)
Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност.
Тоа што стра...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте...
„Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години...
„Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера
Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки
Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...