Премногу љубезна продавачка

Приказнава сме ја слушнале во неколку варијанти и ја имаа обработено и нашите К-15, но ние сметаме дека вреди да се најде во нашата категорија „Евергрини“.

 premnogu-ljubezna-prodavacka-001.jpg

Влегува човек во продавница и ја забележува следната ситуација: продавачката плаче, се извинува со сите сили, а човек стои пред пултот и се дере:

„П**ка ли ти ма**рина,, во животов веќе не влегувам овде! Има да се пожалам кај газдата и да леташ од работа под итно. Ме разбра ли?!“ – и излетува надвор од продавницата.

Овој кој штотуку влегол ја прашува дали и треба помош, а таа ги избришала солзите и со насмевка му рекла:

„Повелете, како да ви помогнам...“

„А, дали сте во ред, да ви помогнам некако?“

„Не не благодарам, се е во ред, повелете...“

„Дали може да добијам еден коверт?“

„Секако! Која големина? Имаме стандардни, големи, помали...“

„Обична, ќе ве молам.“

„А, каква боја? Имаме сини, жолти, црвени, бели, зелени...“

„Ќе ве молам дајте ми сино, но побргу затоа што ќе ми побегне автобусот и ќе доцнам...“

„А, каква сина? Имаме бебешко сина, бледа, темно, морска сина..“

„Ве молам обична сина, но побргу...“

„А, кој облик? Имаме во облик на срце, триаголник, круг...“

„Ве молам обичен правоаголен коверт, но побрзо, автобусот веќе тргнува!“

Продавачката го носи синиот коверт и му вели:

„А, да не ви треба можеби и поштенска марка?“

„Оф, ми треба ајде дајте ми една“ – и гледа како автобусот си заминува...

„А, за внатрешен или меѓународен сообраќај?“

„За во земјата ќе ве молам.“

„А, каква сакате? Имаме со лик на луѓе, животни, природни убавини, знаци...“

„Ве молам побрзо дајте ми со животно.“

„А, со какво животно? Имаме цицачи, птици, влечуги...“

„Ве молам со птица...“

„Имаме со птици грабливки, преселници...“

„Ве молам со грабливка и побрзо!!!“

„А, имаме орел, сокол, јастреб...“

„Ќе ве молам со орел...“

„Имаме со орел како лета, како седи во гнездо, како ги храни младите...“

„Дајте како лета, ве молам...“

„А, имам како лета над кањон, над море...“

„Дајте која било што побргу...“

Во тој момент во продавницата се враќа нервозниот муштерија од претходно со г*мно во раката. Приоѓа кон продавачката, го фрла на касата и вика:

“Еве п**ка ли ти ма**рина, за вакво г*мно ми треба тоалет хартија!“

Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg