Од какво дрво сте паднале?
Малку понеобичен „хороскоп“ Пронајдете го вашиот роденден, а со тоа и соодветниот тип на дрво и откријте нешто повеќе за себе и вашиот карактер...
Пронајдете го типот на дрвото според датумот на раѓање и прочитајте го описот подолу.
јан 01 - јан 11 - Елка |
јул 05 - јул 14 - Елка |
Јаболка (Љубов) - витки, харизматични, допадливи и атрактивни, често флертуваат, авантуристи, секогаш заљубени, љубат и сакаат да бидат љубени, верни, нежни, широкогради, талентирани за наука, живеат за денес, безгрижни филозофи со способност за презентирање.
Јасен (Амбиција) - необично атрактивни, го ценат животот, импулсивни, посакувани, ценат критика, амбициозни, интелигентни, талентирани, сакаат да ја предизвикуваат судбината, често егоисти, верни љубовници, понекогаш паметот им го надвладува срцето но врските секогаш ги сфаќаат озбилно.
Бука (Креативност) - имаат изразено добар вкус, секогаш се грижат за својот изглед, материјалисти, имаат организиран живот и кариера, економични, со добра волја, не превземаат непотребни ризици, одлични животни партнери, водат грижа за да останат во форма (диети, спортови и сл).
Бреза (Инспирација) - го ценат животот, атрактивни, елегантни, љубезни, задоволни, не сакаат ништо што е претерано, не поднесуваат вулгарност, сакаат живот во природа и тишина, не се претерано страствени, прилично вообразени, недоволно амбициозни, умеат да создадат мирна атмосфера.
Смрека (Сигурност) - обично се симпатични луѓе, сакаат луксуз, добро здравје, апсолутно не се срамежливи, често мислат дека се на повисоко ниво од останатите, самоуверени, одлучни, нестрпливи, сакаат да влијаат на околината, многу талентирани, оптимисти, чекаат вистинска љубов, способни за донесување брзи одлуки.
Костен (Искреност) - не сакаат притисок, праведни, го ценат животот и уживаат во него, родени дипломати, во друштво често осетливи, несигурни во себе, понекогаш вообразени, често мислат дека се неразбрани од околината, тешко се заљубуваат и често имаат проблем во пронаоѓање на партнер.
Дива Леска (Племенитност) - пријатни личности, облечени секогаш со вкус, отворени и секогаш кажуваат што мислат, не простуваат туѓи грешки, весели, сакаат да водат но не и да припаѓаат некому, верни и искрени партнери, сакаат да донесуваат одлуки за другите, племенити, широкогради, практични и со смисла за хумор.
Смоква (Чувствителност) - многу силни личности, своеволни, независни, не дозволуваат противставување или караници, сакаат деца и животни, друштвени, забавни, талентирани за практични работи, интелигентни.
Елка (Мистериозност) - добар вкус, поштени, образовани, сакаат се што е убаво, чувствителни, тврдоглави, егоисти но сепак се грижат за најблиските, полни себе, имаат многу пријатели но и непријатели, горди.
Лешник (Исклучителност) - шармантни, скроми, полни со разбирање, знаат како да остават впечаток, активни борци за социјална праведност, омилени помеѓу луѓето, чувствителни, комплицирани љубовници, искрени, толерантни партнери, праведни.
Грмушка (Добар вкус) - ладна убавина, се грижат за сопствениот изглед и кондиција, добар вкус, не се егоисти, се трудат да си го направат животот што е можно по пријатен, водат дисциплиниран живот, од партнерот бараат разбирање и пријателство, сонуваат за необични љубовници, ретко се задоволни со сопствените чувства и емоции, не веруваат речиси никому, секогаш се несигурни за своите одлуки, многу совесни.
Лимон (Сомнеж) - она што го носи животот тие го прифаќаат со мака, мразат караници, стрес и работа, не сакаат досада и удобност, благи се и попустливи, се жртвуваат за пријателите, поседуваат многу таленти но не се доволно амбициозни да ги искористат, критични, многу љубоморни но верни.
Јавор (Независност) - необични личности, изразена моќ за изразување и оригиналност, плашливи и резервирани, сакаат слава, горделиви, сигурни во себе, секогаш спремни за нови искуства, понекогаш нервозни, добра меморија, лесно и брзо учат, обично имаат комплициран љубовен живот, сакаат да влијаат врз другите.
Даб (Храброст) - диви по природа, јаки, независни, непопустливи, чувствителни, не сакаат никакви промени, секогаш со нозете на земја, цврсто се држат за факти, не размислуваат- делуваат.
Маслинка (Мудрост) - сакаат сонце, разумни, полни со разбирање, избегнуваат агресивност и насилство, толерантни, весели, мирни, праведни, чувствителни, вообразени, не се љубоморни, сакаат да читаат и да се во друштво на образовани луѓе.
Бор (Исклучителност) - сакаат пријатно друштво, издржливи, знаат како да си го направат животот пријатен, активни, природни, брзо се заљубуваат но исто така брзо губат интерес, брзо се откажуваат, менуваат многу партнери додека не најдат идеален кому му веруваат, практични.
Топола (Несигурност) - делуваат многу декоративно, несигурни во себе, разумни само кога е неопходно, потребна им е поддршка и пријатно окружување за да се отворат и опуштат, многу пребирливи, често сами, несигурни, врските ги сфаќаат озбилно, не сакаат филозофирање.
Мушмула (Чувствителност) - шармантни, весели, давват се од себе и при тоа не се егоисти, сакаат да бидат забележани, сакаат подвижност, немир па дури и кризи, истовремено се зависни и независни, добар вкус, уметници, страствени, изразени чувства, не се предаваат.
Орев (Страст) - независни, чудни, контрадикторни, често егоистични, агресивни, великодушни, образовани, реагираат неочекувано, спонтани, ја сакаат славата, амбициозни, не се флексибилни, тешки и чудни партнери, другите ретко ги сакаат и често им се чудат, добри стратези, многу љубоморни и страствени, не прават компромис.
Жална врба (Меланхоличност) - прекрасни личности но меланхолични, атрактивни, духовни, сакаат се што е убаво и вкусно, сакаат да патуваат, сонувачи, неуморни, комплицирани, искрени, може да се влијае на нив но е тешко да се живее со нив, посакувани, добра интуиција, често патат заради љубовта, потребен им е партнер кој ке им пружи потпора.