Ова е Македонија мили мои и кој најгласно вреска тој „најмногу“ работи или сака

ova-e-makedonija-mili-moi-i-koj-najglasno-vreska-toj-najmnogu-raboti-ili-saka-01.jpg

Тон безвредни зборови.

Секој ден. Одново и одново.

„Јас вака, јас така...“ За себе мед и млеко, за другите катран од уста плукаме.

И најдобри сме, најпаметни, единствени и незаменливи.

Најдобро знаеме да сакаме, најдобро знаеме да работиме.

Но, некако премногу се фалиме на зборови, а на дело како безгласни букви.

Тука треба да се остави впечаток. Да молчиш, а делата да врескаат за тебе.

Но, кај нас не е така. Ова е Македонија мили мои и кој најгласно вреска тој демек најмногу работи/сака.

Тука во тоа се верува. Тука талентираните пропагадисти се ставени на пиедестал.

Тие викаат дека се најдобри и нема преиспитувања - се верува.

Чиста вистина е.

Да работеа барем половина од тоа што зборуваат дека работат сите ќе цветавме.

Исто и во љубовта.

Луѓето да се сакаа барем со половина интензитет од тоа што си велат дека се сакаат ќе беше одлично.

Но, не.

„Те сакам“ по 3 пати на ден, а на дело себичност, неверства, лаги, непочит, па дури и физичко насилство.

И не „Извини, срце, те сакам“ не е доказ за љубов откако сте ја оплескале работата.

Ниту „Работам цело време, леле колку многу работам“ не е доказ дека нешто воопшто сте сработеле.

Би било супер малку помалку пропаганда и повеќе работа и љубов.

Малку тишина луѓето да одморат уши од вас, а ако има што да видат ќе видат преку делата и ќе донесат заклучок.

Вие молк, напорни се безвредни зборови. Не тормозете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg