Како ја отпуштив секретарката?

Пред две недели наполнив 45 години. Уторото на мојот роденден се разбудив прилично нерасположен, но годините го прават своето.

zosto-ja-otpustiv-sekretarkata-001.jpg

Отидов во кујната, уверен дека жена ми ќе ми го освежи денот со едно: „Добро утро и среќен роденден, мое злато“. 

А можеби и ќе ме изненади со некаков подарок.

Ништо! Не ни рече добро утро, а камoли на останатото на што се надевав!
Добро, си помислив, со годините стануваат такви, ама децата сигурно ќе се сетат.
Исто така ни тие ништо не рекоа.

Длабоко разочаран отидов на работа.  Само што влегов во канцеларијата ме дочека мојата секретарка Лидија насмеана и среќно рече: „Добро утро, господнине шефе, и сè најдобро за Вашиот роденден!“.

Веднаш се почуствував подобро.  Сепак некој се сети дека денеска ми е роденден. Се задлабочив и работев до попладнето.

Тогаш на вратата чукна Лидија:
- Знаете шефе, денеска е толку убав ден, а и роденден ви е, па ве викам на ручек!
- Тоа е најубавата работа која ја слушнав денеска - одвратив. Одиме?

Отидовме на ручек во еден одличен мал интимен ресторан на периферијата, пиевме мартини (неколку) и бескрајно уживавме во во одличната храна.

Кога се враќавме назад, Лидија рече:
- Знаете шефе, толку е посебен денот, зошто да се враќаме во канцеларија?
- Стварно имаш право - реков, како секој добар шеф кој е задоволен од својата секретарка.
- Тогаш ве поканувам кај мене на чаша вино.

Во нејзиниот стан удобно се сместив, Лидија ни наточи вино и кога наздравивме рече:
- Само момент, шефе, да облечам нешто поудобно!
- Секако, слободно - одговорив, видно возбуден со нетрпение.

Лидија отиде во спалната соба и се врати после некои 5 минути.  Во рацете носеше голема торта, а позади неа одеа мојата жена, децата и неколку колеги од работа.  Сите пееа „Среќен роденден“.

А јас седев на каучот гол пиштол, како од мајка роден...

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg