Зошто е застрашувачки вредно да бидете ранливи?

Заљубувањето е ужасно, и додека е толку едноставно што навидум не изгледа така, тоа е вистината. Тоа е многу комплицирано.

zosto-e-zastrasuvacki-vredno-da-bidete-ranlivi-01.jpg

Можеби не сакате да бидете во врска, можеби сте биле еднаш или двапати или сте виделе како романтиката ги искршила срцата на вашите пријатели. И некогаш само си помислувате „Никогаш нема да дозволам тоа мене да ми се случи.“

Правите свесна одлука да избегнувате сѐ за што е потребна доверба. Ќе развиете инстинкт за да ги преживеете ударите на животот и ќе изградите ѕидови за да ве заштитат од можните повреди. Ќе се оддалечите и ќе поставите невидлива бариера помеѓу вас и луѓето кои можат да ве повредат.

Вака може да ви биде добро со денови, месеци дури и години. Сѐ е безбедно и удобно. Освен ако не се случи нешто непланирано...

Еден ден, во вашето стаклено ѕвоно ќе ви биде фрлен камен и ќе настане една мала пукнатина. Секако, ова ќе ве натера да паничите. Кој не би? А, тоа ќе ве натера да ја пронајдете храброста и да бидете ранливи. Добро, не баш на почеток, но подоцна сигурно.

Како голем број на страшни нешта во светот, да се биде ранлив не е лесно. Ќе пружате отпор и ќе се обидете да се воздржите од солзи. Знаете дека ако ја зашиете дупката, никој не може да влезе. Ќе останете неповредени и недопрени. Вака, не постои никаков ризик.

Но, некој ќе ве погледне така што срцето ќе ви се качи до грлото и нема да знаете што да правите. Некој ќе ви пушти рака и за прв пат после толку долго и вие ќе чувствувате дека мора да ја прифатите. Ќе сакате да ја повикате таа личност внатре, а тие ќе ја остават вратата широко отворена – токму како нивната убава насмевка.

Но, што е со планот? Планот за да останете неповрзани? Никогаш да не му дозволите на никој да ве повреди? Тој план не изгледа баш возможен сега, нели? Изгледа како да глумите. Како да стоите на работ од карпата и знаете дека нема скокнете од неа.

Прашањето е дали ќе си верувате?

Ништо не е загарантирано во овој свет. Ќе живеете и ќе умрете. Што ќе се случи во меѓувреме е огромна мистерија која сама ќе се открива како што тече времето.

Но, само што ќе успеете да погледнете нешто, пресметајте ги сите можности дека работите можат да тргнат наопаку и сепак да одлучите да си верувате - ова е храброст која никогаш нема да ја заборавите.

Се надеваме дека ќе се обидете да бидете храбри. Дури, се надеваме дека ќе паднете, макар и во куп прашина. Затоа што така се расте и така ги дознаваме нашите силни страни. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg