Однеси ме дома...

Дојдов полн со позитивна енергија, ја отворив вратата со надеж дека нешто се сменило... Додека чекорев по скалите до мојата соба сфатив дека таму повторно владее истото тоа сивило.

odnesi-me-doma-001.jpg

Наместо топлината на домашното огниште во мене се раѓаат темни чувства, истите оние кои ме обземаа првиот пат кога го напуштив домот. Одвратни чувства.

Погледнувам од прозорецот и колку што изгледа жив светот надвор, толку мртво изгледа среќата овде внатре, недостига хармонија, а некако луѓето кои живеат внатре како да го изгубиле она најважното, взаемната љубов. Стоев така скаменет, ми беше ладно, не бидејќи имаше мраз на прозорецот.

Се чудев како беше можно во мене да има толку љубов и толкава искреност, а сум пораснал во место кое го воспевало сосема спротивното. Посакував да можев да сменам нешто, но не можев, тоа едноставно не се менува. Не бидејќи е предоцна, туку затоа што луѓето едноставно се онакви какви што се и ти не можеш да направиш никаква промена, колку и да се обидуваш... залудно е.

Сакав да пуштам музика, си помислив можеби долгиот пат ме натерал на такви тмурни мисли, малку да се разведрам и додека се обидував да го прилагодам гласот слушнав вресок кој ја спречи мојата намера. Тогаш сфатив дека секој обид да се донесе светлина е непосакуван, секој обид за некаква среќа беше спречен со отпор од другата страна.

Како да одбиваа да бидат среќни.

Низ сликите кои висеа на ѕидот јас ги видов солзите, детството на едно дете кое не знае за љубов, се почувствував празно, не можев да си објаснам. Не знаев што е она што ме направило „мутант“ различен од сè она што познавав. Се потсетив на секој тресок и на секоја кавга, секоја викотница и секој проблем, тие никогаш не завршуваа, тие само настануваа одново и одново за сенешто. Не сакаа да ја напуштат мојата глава.

Богатство никогаш не побарав, едноставно сакав да пронајдам мир и спокој во местото каде сум израснал, некој убав збор, разбирање, поддршка и пофалба за секој мој труд да го направам моето презиме запомнeто. Но, не можеа да ме разберат или не сакаа да ме разберат. Дури и да имаше некаков знак на среќа, таа траеше прекратко.

Колку и да сакав да останам и да бидам радосен, колку и да го нарекував тоа мој дом, едноставно беше сѐ само не мој дом. Тоа ме болеше, до сржта на секоја коска, болеше, колку и да мразев да признаам.

Гледав во градбата која ја нарекував дом, колку и да се трудев да се охрабрам себеси запаѓав во очај, а ако добро паметам дојдов тука да се одморам.

Ме фаќаше паника за тоа дали некогаш навистина ќе почувствувам што навистина значи зборот дом.

Засега беше предмет, објект кој постои физички, но не духовно, градба полна со боја, а сепак црно-бела.

Стоев така избезумен на средината на собата, надевајќи се дека некој ќе дојде да ја земе мојата рака и да ме однесе дома...

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Димитар Андоновски за CRNOBELO лексикон: „Тропав на ‘тапани’ на тенџериња, свирев ‘гитара’ на пушки ... „Како дете имав 2 прекара - едно време ме викаа Свиок бидејќи на косата имам мно...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Сомнителен маж ме демнеше преку прозорецот додека раб... Нешто после полноќ, на безбедносните камери видов млад дечко пред хотелот... Ме ...
Маја Кикириткова за CRNOBELO лексикон: „Од мала ги прекројував фустаните на мајка ми“ „Како мала сакав да бидам пејачка, но татко ми цело време бојкотираше и велеше д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg