Димитар Андоновски за CRNOBELO лексикон: „Тропав на ‘тапани’ на тенџериња, свирев ‘гитара’ на пушки како дете“

„Како дете имав 2 прекара - едно време ме викаа Свиок бидејќи на косата имам многу свиоци, а потоа ме завикаа Карпа бидејќи бев издржлив и борбен. Но, за среќа, ниеден од нив не остана како траен прекар' - пејачот Димитар Андоновски се потпиша во нашиот лексикон.

dimitar-andonovski-za-crnobelo-leksikon-tropav-na-tapani-na-tendjerinja-svirev-gitara-na-pushki-kako-dete-01.fw.jpg

Кога ќе го видите пејачот Димитар Андоновски, добивате впечаток дека станува збор за мирен и тивок маж.

Но, Диме, за себе вели дека е темпераментен и борбен човек и таа карактеристика ја има уште од неговото детство.

Тој се потпиша во нашиот лексикон, па ни раскажа за најголемата беља што ја направил како мал, за првата симпатија и кои му се најдобро потрошените пари во животот:  

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Јас сум Димитар Андоновски. Како дете имав два прекара. Едно време ме викаа Свиок бидејќи на косата од главата имам многу свиоци, а потоа ме завикаа Карпа бидејќи бев издржлив и борбен. Но, за среќа, ниеден од нив не ми остана како траен прекар.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Роден сум на 6 септември 1985 во знакот на Девица и имам 39 години.

3. Кои ти се омилени песна, пејач и пејачка?

Омилен пејач ми е Роби Вилијамс, а омилена песна Tell Her Today од Том Бекстер.

dimitar-andonovski-za-crnobelo-leksikon-tropav-na-tapani-na-tendjerinja-svirev-gitara-na-pushki-koga-bev-dete-13.jpg

4. А омилена книга?

„Жени“ од Чарлс Буковски.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Омилен глумец ми е Џони Деп, а филм Inspection.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Искрено, не следам спорт, но познавам дел од светските спортски имиња и клубови. Единствено следам ракомет кога игра екипата на „Еурофарм Пелистер“ од Битола.

dimitar-andonovski-za-crnobelo-leksikon-tropav-na-tapani-na-tendjerinja-svirev-gitara-na-pushki-koga-bev-dete-03.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам три миленици - куче, маче и папагал. Кучето е малтезер и се вика Бади, мачето се вика Симба, а папагалчето е Коко.

8. Кој ти е среќен број?

Среќен број ми е 8.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум денес.

dimitar-andonovski-za-crnobelo-leksikon-tropav-na-tapani-na-tendjerinja-svirev-gitara-na-pushki-koga-bev-dete-14.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Омилен пијалак ми е добро вино, а бидејќи храната ја сакам и уживам во неа, јадам буквално сè, па не можам да одвојам конкретно јадење.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам неколку и се бројат на прсти, но би го издвоил Валентино на кој сум му кум, а тој на мене ми е девер.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик, но како и повеќето, знаев да „забегам“ и да ги намалам оценките.

Мора да признаам дека отсекогаш имав симпатии кај наставниците, па секогаш ми прогледуваа низ прсти. Но, брзо се враќав во колосек за да не ја изгубам нивната доверба.

dimitar-andonovski-za-crnobelo-leksikon-tropav-na-tapani-na-tendjerinja-svirev-gitara-na-pushki-koga-bev-dete-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg