Димитар Андоновски за CRNOBELO лексикон: „Тропав на ‘тапани’ на тенџериња, свирев ‘гитара’ на пушки како дете“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојата мајка Гордана.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Химен. Тој ми беше омилен херој од цртаните филмови.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Да свирам гитара на пушките со кои требаше да си играм, да тропам на тапани на тенџерињата и да возам коли и камиони на сè што ми личеше на волан.
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Не се сеќавам на годината, бидејќи бевме многу млади и деца.
Тоа беше дочек за Нова година, кога со моите другари славевме во мојата куќа, па на мајка ми ѝ требаа три дена чистење за да ја врати куќата во нормала.
17. Дали некогаш си се степал?
Се тепав многу често како дете. Всушност, бев многу темпераментен и тоа ми остана и до ден денес.
18. Што правиш во слободно време?
За жал, имам сè помалку слободно време, но секој миг го користам и му го посветувам на семејството.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Не сакам да се враќам во времето назад и не би сакал да живеам во време коешто не било предвидено за мене да живеам. Го сакам секој ден и секој миг од денешницата.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Фала му на Бога, задоволен сум со тоа што го имам. Секоја дополнителна благодет што ја добивам ја сфаќам како награда и за тоа сум му најблагодарен на Бога.
21. Од што се плашиш?
Не се плашам од луѓе и од ништо што е земско. Единствено се плашам да не го разочарам Бог. Се плашам само од него.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Девојче од првите школски денови. Ден денес сме добри пријатели.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Секогаш уживам во добра музука, така што не би одвоил конкретна песна.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Инвестицијата во мојата куќа и моето музичко студио, кое го направив неодамна.
25. Кое е најубавото место на светот?
Македонија!
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Димитар: Од каде ја добивте инспирацијата за отворање на порталот CRNOBELO.com и од каде црпите инспирација?
CRNOBELO.com: Идејата за отворањето на сајтот беше да се направи најчитаниот lifestyle портал кај нас.
А што се однесува до инспирацијата, ја црпиме од разговорите меѓу нас, песните што ги слушаме на радио, од коментарите на читателите...
И овој лексикон со тебе ни даде идеја, ама ќе видиш што околу Нова година.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело