Писмо до идната јас: Запомни ги тешките денови

Ќе мислиш на мене нели?

pismo-do-idnata-jas-zapomni-gi-teshkite-denovi-01.jpg

Тогаш кога јас со сите мои проблеми ќе бидам спакувана во еден пакет меморија,

Кога ти ќе владееш во мир и сигурност,

Запомни го мојот глас,

Глас кој трепери со солзи во очите,

Солзи кои се лепат на врелата рамна перница.

Запомни ме во сите твои добри денови:

Кога твоите очи се насолзени од смеа,

Кога твоите усни се вжарени од бакнување,

Кога твојата душа танцува под ведрото небо.

Запомни ме не онака како што сакаш да ме запомниш,

Туку онаква каква што сум навистина,

Мизерна,

Тука во оваа празна соба,

Со сиви ѕидови околу мене,

Кога не можам да заспијам,

Кога не можам да сакам,

Кога не можам да дишам.

Не се обидувам да те прогонувам како сиво сеќавање,

Туку како меморија за она што било и поминало.

Запомни како јас живеев заробена во стравови и несигурности,

Неспособна да ја започнам мојата бајка,

Збунета од нештата кои тебе ти се сосема јасни.

Запомни и научи:

Секоја ноќ кога месечевата светлина ја гали твојата слободна кожа,

Секое утро кога го гледаш сонцето со мистично ќебе над планините,

Секој пат кога твојата душа е полна со радост.

Запомни ме.

Дозволи ми да те направам посреќна знаејќи до каде си стигнала,

Низ што си минала.

Не ги напуштај тајните на твоето минато,

Кога си трагала по живот,

По воздух,

По слобода.

Понеси ме со себе и запомни ме.

Дозволи ми да те излекувам.

Сакам да видам како си среќна,

Да замислувам како се смееш.

Сонувам за музиката од твојата насмевка.

Дозволи ми да замислам како ти блескаат очите,

Како се радуваш безгранично.

Се прашувам: Како се случува тоа?

Како изгледа тоа?

Каде јас завршувам, а каде ти почнуваш?

Каде се пресекуваат нашите патишта?

Срти се назад и погледни ме.

Сети се дека некогаш си била мала и тажна.

Верувај во мене, како што јас верувам во тебе.

Раскажи ми ја приказната како да избегам од ова.

Како да избегам од тешките денови?

Би можело да ве интересира:

Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
„Од убавини да не куртулиш“ – Македонски благослови, што ги научивме од бабите и дедовците Знаете ли што се вели кога се оди на именден, кога ќе се роди ново дете во семеј...
Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“ „Би сакал да сум мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg