Секој ден создавај по една приказна

sekoj-den-sozdavaj-po-edna-prikazna-01.jpg

Нема посовршен ден од денес.

За нови почетоци и нови луѓе.

Но, нека започне денот со старите навики.

Кафе, цигара и благо.

И сонце. Под него, секој има свое место.

Важно е да го пронајдеш, додека уживаш во својата кожа.

Мизерно е да се обидуваш да влезеш во туѓа.

Колку и да си мал, таму не те собира.

Насмевни се, спонтано.

Ќе откриеш дека дишеш.

Се уште нешто можеш да смениш.

Почнувајќи од тебе.

Очите нека ти сјаат.

Ако немаш љубов,  нека ти сјаат од надеж за љубовта која те чека  на секое ќоше.

Чувај си ги рацете  ширум отворени, никогаш не знаеш кој би ти влетал в прегратки.

Тропај за да ти отворат, барај за да најдеш и кажувај:

Љубезноста е поважна од убавината, сексапилот е енергијата и шармот, а не брендираната облека.

Штиклите не ги прават нозете силни,  туку помислата дека можеш  до крајот на светот и назад.

Ризиците нека ти бидат игра.

Не доживувај пораз, туку учи ги лекциите.

Секој ден создавај по една приказна.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg