Децата се закон!

Најмладите никако да престанат да изненадуваат со своите мисли и заклучоци.

interesni-detski-mudrosti-1

Ова се уште неколку детски мудрости кои се навистина смешни и интересни, но понекогаш и неверојатно реални.

- Повеќе ја сакам сестрата на мама, отколку мојата. Сестрата на мама ми е тетка, додека мојата не ми е ништо.

- Јас би била среќна доколку имам уште едно братче, но мојата мајка за жал користи тампони.

- Колку што е човекот постар, толку неговите заби се поскапи.

- Еднаш бев толку болна, што имав преку 40 кила температура.

- Дали и мајките јадат трева за да имаат млеко?

- Швајцарските крави се користат исклучиво за правење млеко.

- Лекарите велат дека смртните болести се најлоши.

- Пеперугата е инсект од фамилијата на хеликоптери.

- Не сум крстен, ама затоа сум вакциниран.

- Животното осигурување е парична награда која ја добива оној кој ја преживеал смртта.

- Алиментација е плата за децата, кога таткото ќе се отсели.

- Сите риби носат јајца, некои дури и кавијар.

- Кај нас мажите смеат да се оженат само со една жена. Тоа се нарекува монотонија.

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg