Легенда: Да платиш или не?
Постои една легенда која потекнува од регионот на Пенџаб, Индија, за крадецот кој влегол во некоја фарма и украл двесте кромиди. Тој пред да успее да избега, бил фатен од фармерот и изнесен пред лицето на правдата.
Судијата пресудил: да плати во вредност од десет златници. Крадецот се пожалил дека казната е превисока, па судијата му понудил две алтернативи: да биде казнет со дваесет удари, или да ги изеде 200-те кромиди.
Крадецот се одлучил да го јаде кромидот. Откако изел 25, очите веќе му се наполниле со солзи, а стомакот почнал да му гори. Бидејќи имал уште цели 175 и знаел дека нема шанси да ја исполни казната, почнал да моли да биде удрен дваесет пати.
Судијата се сложил. Но, кога почнал стапот да удира по неговиот грб, после десеттиот удар почнал да моли да престанат, бидејќи веќе не можел да ја поднесе болката. Неговата желба била исполнета, но крадецот сега морал да ги плати десетте златници.
- Да ја прифатеше казната, ќе го избегнеше јадењето на кромидот и немаше да трпиш болка од ќотекот – рекол судијата. – Но, ти го избра потешкиот пат, не разбирајќи дека, кога ќе згрешиш, подобро е побрзо да ја платиш казната и да продолжиш понатаму.