Драг сопругу, потребен ми е одмор понекогаш

drag-soprugu-potreben-mi-e-odmor-ponekogash-01.jpg

Драг сопругу,

Морам да ти го напишам тоа што често се борам да ти го објаснам, кога сум дома со нашето бебе.

Потребен ми е одмор понекогаш. И јас, како и ти, сакам нешто настрана од родителството. Но, тоа не ми е лесно во моментов.

Го хранам нашето бебе од моето тело. И го тешам со самото тоа што сум до него.

Едноставно, не можам да одам каде сакам и кога сакам. Оставањето на ќерката ми бара многу планирање за да стигнам дотаму и стрес кога сум таму.

Затоа што иако сум очајна за одмор, не сакам да пропуштам ниту миг со неа – комплицирано е.

Иако таа е своја личност, во овие први денови, месеци и години од нејзиниот живот ја чувствувам како продолжение на себе, и физички и емоционално.

Таа е толку мала и ја гледаш каква е кога ја напуштам собата, а потоа каква е кога се враќам. Вознемиреност, па смиреност.

Како што знаеш, јас сум таа што ѝ носи смиреност, јас и ти. Помислата да ја оставам на подолги периоди не ми изгледа правилна, иако другите ми велат дека „ќе биде добро за неа“ и мене.

И не сум ти лута на тебе, што ја доживуваш оваа фаза поинаку од мене, иако понекогаш знам да избувнам. Буквално, не постои место на светот на кое повеќе би сакала да бидам, отколку со нашето бебе, едноставно сум фрустрирана што воопшто ја немам опцијата за време за себе, на истиот начин на кој ти ја имаш.

И само на еден ден би било убаво да сум во твоите чевли, да ја имам опцијата за заминам и да се вратам без стрес.

Знам дека можеби ова ти нема смисла, дека моето однесување нема смисла, ова се емоциите што ги чувствувам. И ова е вистинско.

Но, знај дека целта не ми е да те оттурнам кога сум фрустрирана, туку сакам да се обидам да ти објаснам како е да се биде мајка на бебе.

Ти благодарам што продолжуваш да ме слушаш и што се обидуваш да ме разбереш, дури и кога јас не се разбирам.

Те молам, продолжи така, ми помага.

Извор

Би можело да ве интересира:

8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Гумени сандали, платнени лежалки на расклопување - Kако изгледаа летните одмори во Југославија? Никаде не се одеше без гумени сандали, чадор, пренослив фрижидер и платнени лежа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg