Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Драг/а ти, имаш потреба да го промениш својот живот, ти се превртува во стомакот, но време е!

drag-a-ti-imash-potreba-da-go-promenish-svojot-zhivot-i-ti-se-prevrtuva-vo-stomakot-no-vreme-e-01.jpg

Драг/а ти,

Знам како се чувствуваш, во себе имаш потреба од голема животна промена и посакуваш да имаш храброст да го промениш својот живот.

И јас сум била на твое место, многупати претходно.

Храброста да се промени животот не е за оние кои немаат храбро срце.

Ти ја разбирам конфузијата околу тоа што да направиш наредно и твоето колебање дали вреди да вложуваш напор.

Знам како е да се одлучиш да направиш промена, да преземеш чекори во таа насока и потоа да си помислиш: „Што правам?“...

Знам како е да започнеш да ги правиш работите поинаку и да видиш дека другите те судат поради тоа.

Сакам да знаеш дека не си сам/а и дека и јас се чувствував така.

Храброста да промениш нешто - доаѓа по разбирањето, по вистинското разбирање, дека работите правени на стариот начин повеќе не функционираат. Мораш да стигнеш до пресвртна точка.

Па, ако ти си до оваа точка, тогаш те предизвикувам!

Те предизвикувам да се соочиш со своите стравови и од главата да го избришеш „не можам“.

Те предизвикувам да започнеш да се поврзуваш со други луѓе кои ќе те поддржат низ процесот.

Те предизвикувам да започнеш правејќи само една работа поинаку.

Те предизвикувам да бидеш истраен/истрајна во промената.

Твојот живот не е судено да го живееш на начин кој не те задоволува и понекогаш за да сонуваш големо, мора да платиш некоја цена.

Те предизвикувам да прифатиш дека животот од твоите соништа нема да ти дојде сам, туку мораш сам да го креираш.

Па, запрашај се...

Што ми е потребно сега? Кој е првиот чекор кој морам да го преземам?

Знаеш многу добро длабоко во себе кој е тој чекор и кажи го гласно!

Ќе почувствуваш задоволство и возбуда. Ќе почувствуваш дека нешто ти се стегнува во стомакот.

Но, запомни го овој ден и направи го тоа што треба да биде направено.

Собери храброст и промени го својот живот. Ова е тој ден.

Извор

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg