Никогаш не се откажувајте
Винстон Черчил 3 години се мачел да заврши осмо одделение во основно училиште затоа што учењето на мајчиниот англиски јазик му одело многу тешко.
Звучи по малку иронично што популарниот Оксфордски универзитет го повикал неколку децении подоцна да одржи говор на доделувањето на дипломите на идните дипломати.
Черчил на оваа пригода дошол со вообичаените реквизити: цигара, бастум и шешир.
Додека се приближувал кон подиумот, целата сала станала на нозе и громогласно го поздравиле.
Со препознатливиот говор на телото, ги смирил присутните и самоуверено застанал пред нив. Ја извадил цигарата од уста и се придвижил кон говорницата.
Черчил без да трепка гледал во публиката полна со исчекување.
Од него проговорел авторитативен глас: „Никогаш немојте да се откажувате!“
Поминале неколку секунди пред да се поткачи на врвот на прстите и да повтори: „Никогаш немојте да се откажувате!„
Неговите зборови одѕвонувале во ушите на присутните.
Во салата владеела гробна тишина, додека Черчил со шеширот, бастумот и цигарата се симнувал од бината. Неговиот говор бил завршен.