Не преминувајте океан за луѓе кои не би преминале вирче за вас

ne-preminuvajte-okean-za-lugje-koi-ne-bi-preminale-virche-za-vas-01.jpg

Ако премногу се давате себеси, со текот на времето ќе почувствувате болка која може да ве скрши.

Важно е да не ги идеализирате луѓето, плановите и самата реалност.

Кога ќе дојде до предавство, важно е да знаете како да се однесувате.

Прво, никако не смеете да ги обвинувате другите за вашето невнимание. Често луѓето ни праќаат сигнали, па дури и црвени знаменца дека треба да се повлечеме.

Лесно ги игнорираме, но наша е одговорноста да ги препознаеме.

Одлуките кои ги носите се ваша одговорност, па ако погрешите со кои луѓе да се дружите, односно погрешите во проценката на нивните карактери, тоа е лично ваша грешка.

Ако меѓучовечките односи ги градите на емоции, мора да бидете подготвени на ризик. Емоциите ве прават ранливи.

Личностите на кои им се препуштаме може да не издигнат, но и разочараат.

Важно е да се биде отворен и да делите дел од себе со другите, но и да внимавате да не ги преминете границите и да се соочите со разочарување.

Ако веќе сте се нашле во таква ситуација, сигурно добро сте се изгореле и таа лекција ќе ја паметите долго.

Не дека не треба да имате луѓе околу себе, туку мора прво да се грижите за себе.

Ценете се себеси, своето време и сето тоа што го правите за другите.

Бидете внимателни кому го давате срцето.

Убаво е да ги подарите емоциите, но размислете кому – дали тој заслужува, затоа што понекогаш може да ве уништи. Затоа е најдобро да се потпрете на својот разум.

Размислете добро за луѓето кои ве опкружуваат и за одлуките кои ги носите во врска со нив, затоа што не се сите луѓе достојни за вашиот труд и емоции.

Ценете се себеси и внимавајте на изборите што ги правите.

Не преминувајте океан за луѓе кои не би преминале вирче за вас.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg