Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки
На пат кон работа, застанав во салонот за убавина за да се нашминкам. Јуца, шминкерката, наскоро ќе наполни педесет, а изгледа како да има 25 години. Затоа ја викам Јуца, а не госпоѓа Јулија.
Кога и да ја видам ѝ велам: „Спиеш ли во фрижидер? Или користиш тревки за подмладување? Можеби имаш портрет од Доријан Греј, кој старее наместо тебе“.
Невозможно е да изгледа двојно помладо од она што е.
„Тоа е ботокс душо. Гимнастика за лице. Козметологијата. Патем, време ти е и на тебе. Види, веќе имаш мимички брчки“, ми вели таа и се наведнува кон мене за да ми стави коректор на мозолчињата.
Нешто не е во ред со мене, си мислам, гледајќи го нејзиниот совршен тен. Претпоставувам дека така живеат само суперлуѓе, секогаш млади и свежи...
Јас никогаш не би можела да го направам тоа.
Потоа, нашминкана, побрзав на работа. Поточно, на средба со читателите. Неодамна излезе од печат мојата втора книга и сега имам средби со моите читатели, разговори. Секогаш потпишувам автограми со неверување и возбуда: „Дали навистина ви се допаѓа книгата?“
Го работам тоа што го сакам, а тие згора на сè ми се заблагодаруваат. Каква среќа!
По средбата со нив, отидов во соблекувалната и седнав зад пултот за да ги сменам чевлите и да облечам чизми. Затоа ненамерно се сокрив.
Дојдоа две девојки. Зборуваа возбудено и не сфатив веднаш дека зборуваат за мене.
„Кога гледам такви луѓе, си мислам дека нешто не е во ред со мене“, вели едната.
„Да, и јас“, се согласи другата. „Ќе излезев на сцената и ќе умрев таму, а таа се шегува, се смее, како да не е пред публика, туку дома. Ја гледам и си мислам: Тоа се некои суперлуѓе. Јас никогаш не би можела да го сторам тоа!“
Скокнав од зад пултот и извикав: „Можеш!“ додека со коленото ја удрив случајно и ги исплашив девојките. Чудо е што не паднав преку пултот.
„Можеш! Можеш! Можеш!“, викнав триејќи го повреденото колено. „Само, има еден услов“.
„Кој?“, прашаа девојките.
„Ако сакаш!!!“, одговорив.
Мојата пријателка Тања е дизајнерка и куќата е нејзината визит-карта. Изработката на таа визит-карта го одзема целото нејзино време, сила и талент, бидејќи тоа ѝ е работа, тоа е нејзината професија.
Освен работата, таа се занимава само со фитнес, бидејќи мора да биде во хармонија со таков дом. За друго нема време, но Тања е среќна што секој ден може целосно да се посвети на работата што ја сака, што клиентите ја ценат и што има многу проекти.
Тоа е нејзин избор и ја прави среќна.
Дури и тие мајки од градинка имаат професија - да бидат мајки. Тие живеат за потребите и интересите на своите деца.
А, децата растат толку брзо. Наскоро нивните ќерки и синови ќе пораснат, ќе почнат да излегуваат, па овие мајки сега го користат секој момент да уживаат во пеглањето на фустаните и гаќичките на своите деца, без разлика што децата подоцна нема да се сеќаваат на тоа.
Но, затоа мајките ќе паметат. Ќе се сеќаваат на тој сладок период од детството како најтрогателен, кога имаа толку многу можности да бидат со своите деца, да се чувствуваат како мајки - потребни, добри, идеални. Најдобрите мајки.
Тоа е нивен избор и тоа ги прави среќни.
Јас пишувам, тоа е мојата професија. Ја избрав затоа што сум себична и сакам да бидам среќна.
Додека го правам тоа, не само што сум среќна, туку и ги учам моите деца на таа вештина. Им го пренесувам тој флуид - внатрешна среќа, исполнетост.
Иако тоа го правам во несредена куќа, во домашен фустан и со брчки на лицето.
Сите ние сме себични. Го правиме она што нè прави среќни, интуитивно правиме избор, меѓу милион други работи. И тоа е прекрасно.
Тоа значи дека со сите сè е добро.
Сите сме сосема нормални.
Само некој е во непеглани гаќички.