Да можевме, би нацртале цвет на небото за да знаете дека ни недостигате – Среќен 8 Март на жените кои нè напуштија
Да можевме, би направиле скалила до небото за последен пат да ве прегрнеме и да ве бакнеме и да ја почувствуваме вашата топлина! Среќен 8 Март за сите жени што се на небото!
Доаѓа празникот на жената, 8 Март, а сите ние што имаме по една жена која е на небото, носиме кнедла во грлото и длабока тага затоа што сме ја загубиле.
Погледнуваме кон небото и со тивка молитва на усни им го честитаме празникот.
„Да можевме би нацртале цвет на небото за да знаете дека ве сакаме!
Да можевме само на еден миг пак да ве видиме и да ве прегрнеме!
Да можевме...“
Ех, да можевме. Но, за жал, животот е таков, понекогаш предвреме ни ги зема саканите личности и нѐ остава да живееме во длабока тага и болка, која никогаш не поминува, но со текот на времето учиме како да се носиме подобро со неа.
Ги гледаме цвеќињата и подароците во излозите и си помислуваме:
„Ах, кога би можеле само за еден последен пат да ве израдуваме со нешто и да ја видиме вашата насмевка!“
Ја наведнуваме главата и знаеме дека тие жени се длабоко во нас и живеат во нашето срце, а спомените за нив со текот на времето само ни даваат сила да бидеме поупорни и поистрајни.
Да бидеме доследни на наследството што ни го оставиле.
Да научиме да ја споделуваме несебично љубовта што ни ја пружале и да раскажуваме гордо како нѐ научиле како да бидеме тоа што сме денес.
Се сеќаваме на жените кои додека биле со нас оставиле огромен траг во нашите срца, биле тука за да ни дадат поддршка, утеха, нѐ хранеле, нѐ негувале, се грижеле за нас.
Биле нежни кон нас, бестрашни кога ќе се соочиме со некоја опасност.
„Да можевме од облак би создале цвет за вас!
Да можевме би направиле скалила до небото за последен пат да ве прегрнеме и да ве бакнеме и да ја почувствуваме вашата топлина!“
Среќен 8 Март за сите жени што се на небото. Ви благодариме за сѐ што сте направиле...
Споменот за вас никогаш не избледува...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело