Во месецот кога дозволуваме да нè понесе новогодишната еуфорија и да уживаме во китењето на домот, секогаш се добредојдени „направи сам“ практични идеи. Ана е креативна девојка од Скопје, која ужива во ваков тип на проекти, па споделува како да направите поинаква уникатна елка, која не би ве чинела повеќе од 700 денари.