Tинејџер 2 години си градел куќичка од дрво во дворот од семејниот дом
Кога сакате нешто свое со малку труд и креативност ќе успеете да го направите, а Томас од Велика Британија е совршен пример за тоа.
Томас Леар (21) од Велика Британија на 17-годишна возраст одлучил да си изгради куќичка од дрво во дворот од семејниот дом. Тој сакал да има свое место, на страна од родителите.
Младиот љубител на столарството 2 години работел на својот проект и потрошил 7.000 евра.
Сега Томас има 21 година и вели: „Само сакав да живеам едноставен живот без стрес. Убаво е да имате 21 година и да не мора да ги трошите сите свои пари на кирија. Јас го поседувам мојот простор и тоа ми дава чувство на леснотија.“
Како изгледа куќичката на Томас:
С. С. | Црнобело