„Пред почетокот на пандемијата си ја направив 'најлошата' тетоважа - носам долги ракави оттогаш“
„Си ја направив тетоважата која ја посакував веќе неколку години, таа во суштина значи да бидете доследни на себе и вистински, а не да не се преправате дека сте нешто што не сте, но тајмингот не можеше да биде полош“.
На ТикТок луѓе одговараат која е најлошата тетоважа што си ја направиле во животот, а една девојка откри дека поради лошиот избор на тетоважа пред почетокот на пандемијата постојано носи долги ракави за да ја покрие.
Леа Холанд практично победи на „предизвикот“ откако откри:
„Си ја направив тетоважата која ја посакував веќе неколку години, таа во суштина значи да бидете доследни на себе и вистински, а не да се преправате дека сте нешто што не сте“ и тоа е метафорички кажано преку пораката „не носете маска“, со која таа мисли симболично да не носите маска и да не бидете лицемерни или да глумите.
Но, тајмингот кој го избрала за ставање на оваа тетоважа не можел да биде полош. Таа ја истетовирала на 4-ти март 2020 година, токму пред почетокот на пандемијата, рестрикциите и препораките сите да носат маска.
„Храбро и радикално одбива да носи маска“ е всушност нејзината тетоважа, која на прв поглед на повеќето луѓе им изгледа како да е наменски направена и дека таа е против носењето на заштитните маски во време на корона.
Затоа Хана ја крие тетоважата и чека некои подобри времиња за слободно да ја покажува.
@wakaflockafloccar #stitch with @hannanicbic I could NOT have had worse timing. #fyp #foryoupage #tattoo #worsttattoo #winner P.S. I’m not anti-mask I promise ??♀️
♬ original sound - wakaflockafloccare
С. С. | Црнобело