Уметник од Франција ги пополнува дупките на градбите и улиците низ Лион со шарени мозаици (фото)
Францускиот уметник познат како Емемем живее во Лион и постојано го украсува неговиот град со шарени мозаици. Користејќи го неговиот талент, тој ги исполнува дупките и пукнатините на улиците и градбите со живописни мозаици кои му даваат посебен шмек на градот.
Неговата цел е едноставна – да ги „закрпи“ дупките во градот со малку уметност, со тоа разбивајќи го сивилото кое доминира. Емемем ги изработува неговите мозаици скоро 10 години, па досега целиот град е како галерија со негови дела.
Францускиот уметник веќе e познат како „хирург за тротоари“ и вели дека мозаиците што ги прави низ градот се како поема што секој може да ја прочита и разбере.
Емемем ја добил идејата за мозаиците пред 10-тина години, кога налетал на многу оштетена уличка во Лион. Тогаш веќе изработувал мозаици од керамика, па помислил дека би било одлично да го искористи неговиот талент за да го разубави градот.
Погледнете дел од најинтересните мозаици на Емемем во Лион:
Спирова С. | Црнобело