Нов необичен тренд во светот: Накит направен од (вашето) мајчино млеко
Емотивно или претерано? Жените доилки во светот се опседнати со нов необичен тренд – тие купуваат накит чиј камен е направен од нивното мајчино млеко.
Часовите минати во доење на нивните новороденчиња прават мајките емотивно да се поврзани за овие мигови, па како симболика за тоа си прават ваков накит, најчесто прстени, но и ѓердани и обетки.
Мајчиното млеко се стерилизира, хемиски и механички се обработува и потоа му се ставаат неколку заштитни слоеви, а изработката одзема од 10 до 21 ден.
Крајниот резултат личи на опал или на бисер и може да чини од 60 до 1.500 евра.
Вики Керватин, сопственичката на фирмата за изработка на накит од мајчино млеко „Mom's Own Milk“ од Велика Британија, вели дека тие на своите клиенти со уникатното парче накит им нудат „чувство смрзнато во времето“.
https://www.instagram.com/p/CN2n4LIq9M9/
На прстените тие додаваат и декорации од злато, сребро, бисерчиња итн.
Што мислите за овој необичен тренд? Би го пробале ли?
Фотки од разни брендови за производство на накит од мајчино млеко:
https://www.instagram.com/p/CNVXiyLKAHW/
https://www.instagram.com/p/CKEBqY2K7XI/
https://www.instagram.com/p/CObg-N8FCUS/
https://www.instagram.com/p/COTRLXDFHNS/
https://www.instagram.com/p/CONcT4tlLmK/
https://www.instagram.com/p/CNu9ujflVW_/
https://www.instagram.com/p/CNcir4SFnq-/