Најновиот тренд за новогодишни елки е хит и кај нас – огромна панделка на врвот (фото)
Елката во домот на Елена Најдоски е украсена со огромна бела панделка, ресторанот Ragusa 360 го краси голема елка со тиркизна панделка - минималистички накитените елки со масивни, полнети панделки од сатенски или кадифен материјал, се најновиот тренд за новогодишно китење.
Оваа новогодишна сезона, украсувањето е во знакот на панделките - но, освен малите панделки, сега насекаде ги гледаме големите, направени од полнет сатенски или кадифен материјал.
Најголемиот тренд во светот за новогодишно украсување за крајот на 2024-та се големите панделки кои го китат врвот на елката, а остатокот е или минималистички украсен со светилки, или со добро усогласени лампиони, додека панделката е во фокус.
Трендот е хит и кај нас, а освен домот на Елена Најдоски и неколку други Македонци, има и повеќе локали кои се украсени со елки со огромни кадифени панделки.
DoubleTree by Hilton
Ragusa 360
Здрава Станица
Во продолжение погледнете повеќе Пинтерест фотки за инспирација:
М. М. | Црнобело