Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025

Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации… Кои теми на божиќни уредувања преовладуваат годинава? Погледнете ги најактуелните што може да ви послужат како инспирација.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-01.jpg

Пред нас се уште едни новогодишни и божиќни празници, а со нивното доаѓање полека започнува и еуфоријата околу декорациите и уредувањето на просторот. Избирање на елка, лампиони, декорации, пред нас е период кој многумина го очекуваат со нетрпение.

Според модните списанија и дизајнерите оваа година ќе преовладуваат повеќе трендови кои може да ви бидат од полза ако сакате да пробате малку поинаков стил на декорации и да го декорирате домот поразлично од минатите години.

Кралски гламур

Станува збор за декор во кој преовладуваат белите, кремасти и златни тонови. Елката можете да ја декорирате со лампиони во овие бои и да ја дополните со жолти сијалички.

Освен тоа, просторот наоколу може да се декорира со гранчиња и свеќи.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-02.jpg

Враќање на диско ерата

Речиси сите дизајнери се сложни дека годинава ќе имаме повторно заживување на „диско-ерата“ со декорации во форма на диско топки и светла.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-03.jpg

Зимска бајка

Бела елка, со бели и сребрени лампиони и бела простирка под елката. Оваа декорација ќе ве потсетува на вистинска зимска бајка.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-05.jpg

Максимализам

Овој стил е наменет за оние што сметаат дека никогаш не може да имаат премногу украси и кои сакаат да ја украсат новогодишната елка во слоеви.

Изберете разнобојни лампиони и декорации во силни бои и не се плашете дека сте претерале.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-04.jpg

Скапоцени камења

Годинава во тренд се и декорациите во боите на скапоцени камења. Изберете рубин црвени, смарагдно зелени или сини како сафир декорации и искомбинирајте ги.

Ова е идеално решение за оние што сакаат покласични декорации, без премногу да експериментираат.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-06.jpg

Розов Божиќ

Ако сте од оние што ја обожаваат розовата боја, тогаш оваа тема сигурно ќе ви се допадне.

Изберете декорации во сите нијанси на розовата боја и соодветно декорирајте го и животниот простор.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-08.jpg

Украси од џинс

Елка украсена со сини или златни лампиони и рачно изработени детали од џинс (цвеќиња, панделки, подлога).

Овој стил може да им се допадне на оние што сакаат сами да си ги изработат декорациите и не се плашат да поминат и неколку денови во уредување на просторот.

od-kralska-elegancija-do-disko-motivi-koi-se-najgolemite-trendovi-za-praznichni-dekoracii-za-2025-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Најновиот тренд за новогодишни елки е хит и кај нас – огромна панделка на врвот (фото) Елката во домот на Елена Најдоски е украсена со огромна бела панделка, ресторано...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg