70-годишен маж е првиот Американец кој живее во 3Д печатен дом направен за бездомници (фото)

Американска компанија почнала да прави соседство од 3Д печатени куќи, со цел да им овозможи удобен дом на бездомниците, а првиот кој се вселил во една од куќите е 70-годишниот Тим - поранешен зависник од дрога кој целосно си го променил животот.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-1.jpg

Американската компанија ICON работи на одличен проект – тие прават цело соседство од 3Д печатени куќи во кои ќе можат да се вселат бездомници.

70-годишниот Тим Шеа, кој бил бездомник, е првата личност која се вселила во нивните куќи, но и првиот Американец кој живее во 3Д печатена куќа.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-04.jpg

3Д печатените куќи имаат една спална, една бања, кујна, дневна и дворче, а според директорот на компанијата, целта им е да направат домови кои ќе бидат достапни за сите, особено за луѓе кои живеат на улица, како Тим.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-05.jpg

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-11.jpg

70-годишниот Тим, на некој начин, го живее својот втор живот. Пред да се всели во новиот дом, тој живеел во камп-приколка, а имал и проблеми со зависности. Но, тој не се откажал, успеал да се справи со зависноста и сега конечно има свој дом.

„Мислам дека поради претходното искуство, почнав да живеам во школка. Не се чувствував удобно и секојпат кога имав можност, се криев и се изолирав. Не сакав никаква интеракција со луѓе“, открива Тим.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-02.jpg

Нo, можноста што ја добил сега целосно му го променила животот.

„Сега сè што правам е спротивно на она што го правев. Имам многу активности и секој ден се дружам со други луѓе“.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-06.jpg

Кога му соопштиле дека ќе има свој дом, Тим не можел да поверува.

„Кога открив дека ќе бидам првата личност во Америка која живее во 3Д печатен дом, си помислив дека тоа е одлично. Ако некогаш сте биле како мене, тогаш ви е јасно дека неретко, на повеќето луѓе им треба сам мал поттик и охрабрување“, вели Тим за неговото искуство.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-8.jpg

Неговиот дом е сместен во соседство кое компанијата го крстила Community First! Village, а покрај неговата, досега се изградени уште 5 други куќи, сите со различен дизајн.

Како што напоменавме, целта на овој проект е да им се овозможи безбедно и удобно засолниште на бездомниците во Америка.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-04.jpg

Од компанијата откриваат дека 3Д принтерот го контролираат со помош на таблет, а во изградбата на една куќа учествуваат четири до шест луѓе. Куќите се направени од бетон, сите се уредени на различен начин, а соседството се наоѓа во Остин, Тексас.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-14.jpg

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-15.jpg

„Ранливата група граѓани, како бездомниците, никогаш немаат пристап до најновите технологии. Но сега, овде во Остин, тие се првите кои ќе добијат едни од најуникатните домови, а сметаме дека тоа е прекрасно“, откриваат од компанијата.

70-godishen-poraneshen-zavisnik-e-prviot-amerikanec-koj-zhivee-vo-3d-pechaten-dom-napraven-za-bezdomnici-foto-10.jpg

„ICON е иновација за добра иднина. Ќе мора да ризикуваме ако сакаме да направиме подобар свет. Мораме да го промениме начинот на размислување и да почнеме да се фокусираме на големите проблеми во општеството, како бездомништвото. На крај, сето ова е за луѓето и нивното достоинство“, вели основачот на компанијата, кој само сакал да им овозможи пристоен дом на бездомниците, каков што заслужуваат.

Целиот проект е пречекан со многу позитивни коментари:

„Ова изгледа подобро од повеќето станови во Њујорк. Се надевам дека ќе продолжат со проектот“.

„Прекрасно! Одлична идеја за бездомниците!“

„Сите заслужуваме удобен дом“.

„Се надевам дека Тим ќе има одличен живот во новиот дом“.

Дали вие би живееле во 3Д печатена куќа?

Повеќе фотографии од 3Д печатените куќи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Автобус, авион: Луѓе си направиле прекрасни домови од превозни средства (фото) Ако сте вљубеници во авантура и необично искуство, тогаш дефинитивно ќе ви се до...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg