Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да направите велигденски јајца – жолти Миниони?

Не е тајна дека малите жолти Миниони преку ноќ станаа популарни, па веројатно ако сте го гледале филмот и вие сте заљубени во нив.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-01.jpg

Зошто тогаш овој Велигден да не направите јајца во форма на Миниони? Ви звучи комплицирано? Опуштете се, не ви требаат повеќе од 10-15 минути.

Плус, ако имате детенце, внуче или пријател кој ги обожува, секогаш може да го изненадите.

За изработка потребно ви е:

  • Жолта боја за јајца
  • Сина боја за јајца
  • Лепило
  • Малку црна волница
  • Очи за кукли
  • Црн маркер

Постапка:

Најпрво сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат.

Во две пластични чашки наполнете малку вода. Количината измерете ја според јајцето, водата не смее да преминува половина од него кога ќе го потопите.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-02.jpg

Во едната ставете ја сината, во другата жолтата боја.

Потопете ја едната половина неколку минути во жолта боја, а потоа свртете ја другата половина во сина боја. Оставете го јајцето да отстои по 3-5 минути во секоја боја.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-03.jpg

Оставете ја бојата да се исуши, па потоа залепете ги очите, вуницата искористете ја како врвка од очилата, а устата може да им ја нацртате со обичен црн маркер.

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-04.jpg

Ако сакате, препрскајте ги со лак за коса и оставете ги добро да се исушат.

Вашите Миниони се готови!

kako-da-napravite-veligdenski-jajca-zolti-minioni-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Пред vs. потоа: Моќни трансформации на соби, по реновирање Како со малку пари, љубов и труд, просториите во домот можат да добијат сосема н...
Нова техника со кромид за велигденски јајца како уметничко дело (видео) Не станува збор за добропознатата техника со лушпи од кромид, туку модифицирана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg