Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас?
Близнаци, вашиот владетел е Меркур – планетата на комуникацијата, интелектот и разумот. Ова значи дека сте интелигентна личност која иако има проблеми со променливо расположение, не дозволува емоциите да ја надвладеат.
Секој хороскопски знак е владеен од едно (или две) небесни тела од нашиот Сончев систем.
Небесните тела симболизираат разни одлики, па имаат огромно влијание и врз карактерот на знакот со којшто владеат.
Кое небесно тело е вашиот владетел и што открива за вас?
Овен – Марс
Марс е планетата на енергија, мотивацијата, храброста и страста. Ова значи дека вие сте моќна и енергична личност која никогаш не бега од предизвици.
Жестоко ги браните своите ставови и верувања, но и вашите сакани.
Вие сте мошне активна личност и кога сте соочени со емоции како гнев или анксиозност, физичката активност ви е од огромна помош.
Некогаш сте избувливи, но добро е што брзо можете да се смирите.
Бик – Венера
Венера е планетата на љубовта, убавина и врските, а вие сте благословени во секој од овие аспекти.
Физички изгледате мошне добро, а поради чувството за естетика, знаете и како да се претставите во најдобро светло.
Сакате да бидете опкружени со убави нешта, па вашиот дом секогаш изгледа како од некое списание.
Лесно се спријателувате со другите и знаете како да оформите значајни врски, а секогаш оставате добар впечаток. Во животот, љубовта ви е едно од најважните нешта.
Близнаци – Меркур
Меркур е планетата на комуникацијата, интелектот и разумот.
Некогаш имате проблеми со променливо расположение, но не дозволувате емоциите да ве надвладеат и ѝ давате предност на логиката.
Важите за мошне интелигентна личност која знае како да се искаже. Флексибилни сте и можете да се вклопите во секакво опкружување, а ова ви помага брзо да напредувате.
Сакате да учите и најсреќни сте кога можете да ги истражите сите ваши интереси и хобија.
Рак – Месечината
Вие сте едниот од двата знака кои не се под влијание на планета, туку небесно тело.
Месечината ги претставува емоциите и интуицијата. Вие сте сочувствителна личност која секогаш знае што чувствуваат другите.
Нежни сте и грижливи и сакате луѓето да се чувствуваат пријатно, но и безбедно во ваше друштво.
Обично сте позатворена личност, но секогаш сте овде да ги ислушате другите.
На почетокот може да ви биде тешко да се зближите со некого, но штом ќе почнете да му верувате, целосно му се посветувате.
Лав – Сонцето
Покрај Ракот, вие сте единствениот знак во зодијакот кој е под влијание на друго небесно тело, а не планета.
Сонцето е симбол за виталност, животна сила, но и суштината на една личност.
Вие многу добро го знаете своето место во универзумот и поради ова зрачите со самодоверба и харизма. Роден лидер сте и другите дури и очекуваат да ги водите.
Семејството и блиските пријатели ви се најважните нешта во животот, а каде и да отидете, имате моќ да создадете своја група луѓе.
Со леснотија ги привлекувате другите благодарение на пријателскиот однос и топлината што ја ширите.
Девица – Меркур
Меркур е планетата на комуникацијата, флексибилноста и разновидноста.
Вие сте интелигентна личност со одлични вештини за комуникација. Но, вашата супермоќ е способноста за забележување детали, дури и најмалите кои се невидливи за другите.
Не се плашите да ризикувате и навистина сакате да им помагате на другите.
Знаете како да се искажете, но единствен проблем е што некогаш немате филтер и сте премногу сурови.
Желни сте за знаење и никогаш не се фокусирате само на една област.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





