Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас?
Вага – Венера
Исто како Бикот, вашата владејачка планета е Венера, што значи најмногу среќа имате во љубовта и врските.
Изгледот ви е мошне важен, а имате среќа бидејќи сте физички привлечна личност.
Имате и чувство за естетика, па знаете како да се разубавите себеси, но и да го разубавите просторот околу вас.
Лесно се спријателувате со другите, а поради шармот и добрината, воопшто не ви е тешко да најдете и љубов.
Скорпија – Плутон и Марс
Вие сте меѓу знаците кои се владеени од две небесни тела – планетата Марс и џуџестата планетата Плутон.
Вашиот главен владетел е Плутон, кој симболизира моќ, смрт, одново раѓање и трансформација.
Ова значи дека низ животот ќе поминете низ многу трансформации, а секоја промена ќе ја гледате како можност да напреднете.
Вториот владетел, Марс, ги симболизира војната, агресијата и страста.
Поради ова, вие сте личност која не се плаши да истапи за своите верувања, како и личност која чувствува длабоко.
Стрелец – Јупитер
Јупитер е планетата на среќата, оптимизмот, патувањето и мудроста. Поради ова, вие сте желни за напредок и сакате да учите нови работи.
Потрагата по знаење и истражувањето нови места се приоритетите кои ве водат низ животот.
Поради владејачката планета, главно сте оптимисти и дури и кога сте соочени со лоша ситуација, знаете како да ја свртите во своја корист.
Јарец – Сатурн
Сатурн е планетата на авторитетот, дисциплината и одговорноста. Вие имате стара душа која неретко го носи товарот на целиот свет на своите рамена.
Додека на повеќето им е тешко да стекнат одговорност, кај вас оваа одлика е каков родена.
Самите се туркате до вашите граници и сте особено амбициозни. Мудроста и лидерските вештини ве прават одлични лидери и ментори, но мора да научите некогаш и да заборавите на желбата за контрола.
Водолија – Уран и Сатурн
И вие сте под влијание на две небесни тела, односно две планети.
Вашиот главен владетел е Уран – планетата на иновацијата, бунтот и револуцијата. Според ова, вие сте визионер кој ги инспирира другите и секогаш успева да најдете решение за проблемите.
Некогаш можете да бидете контрадикторни и тврдоглави, па да не ја гледате големата слика.
Вториот владетел, Сатурн, го ублажува „хаосот“ од Уран и ве прави поодговорна личност. Вие сте родени за да правите големи нешта со кои ќе им помогнете на многу луѓе.
Риби – Нептун и Јупитер
Вие сте третиот знак под влијание на две небесни тела.
Првиот владетел е Нептун, планетата на духовната, интуицијата и потсвеста. Вие сте во допир со вашата духовна страна и имате мошне изразен интуиција.
Вториот владетел, Јупитер, ги претставува среќата, разумот и знаењето.
Вие поседувате мудрост која ве води низ животот и која ви ги зголемува шансите да си ја исполните секоја желба.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





