Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопските знаци рангирани според манипулативност – кој најмногу ќе ви го „загорчи“ животот?

Раковите можеби не се проблематични како Скорпиите и Близнаците, но знаат како да направат да „танцувате на нивното оро“. Прочитајте како се рангирани сите 12 знаци од најманипулативен до најмалку манипулативен (и причината за тоа).

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-manipulativnost-koj-najmnogu-kje-vi-go-zagorchi-zhivotot-01.jpg 

Некои веруваат дека манипулацијата е уметност, а во Зодијакот, има неколку хороскопски знаци кои изгледа како да ја измислиле оваа техника. 

Кој се наоѓа на врвот на листата како шампион за манипулација, а кој е на последно место и не ни помислува на тоа да контролира некого? 

Хороскопските знаци рангирани од најманипулативниот до најмалку манипулативниот:

Скорпија

Ако не го предвидовте ова, што знаете вие за астрологија? Скорпиите се несомнено шампиони во манипулација. Креативни? Да. Интензивни? Да. Секогаш 10 чекори понапред? Да.

Скорпиите знаат како да ве натераат да верувате дека вие сте буквално виновни за сè, дури и за тоа што сте го изеле последното парче, а може и да се извините за тоа.

Без срам играат валкано кога сметаат дека има потреба од тоа, но не секогаш тоа е со лоши намери. Понекогаш тоа им е само начин да стават штит пред своите ранливи срца.

Само не ги лажете – ќе ја намирисаат лагата многу побрзо од што мислите.

Близнаци

Нивното брзо размислување и шарм ги прави едни од најманипулативните хороскопски знаци.

Тие се толку добри во тоа, што вие нема ни да забележите дека сте изиграни, додека веќе не е предоцна.

Способни се да продадат песок на некого што живее во пустина и да направат да мисли дека добил зделка која не се пропушта.

Но, не е секогаш со злобна намера – тие некогаш само се досадуваат и сакаат да ги го направат денот позабавен.

Риби

Не ги очекувавте толку високо на листата, нели? Можеби личат невино и емотивно, но тие се скриени професионалци во префрлање вина и изигрување жртва.

Знаат како да ги држат конците кои водат до вашето срце и уште пред да сфатите, веќе правите нешто што сте се заколнале дека никогаш нема да го направите.

Можеби ја немаат пресметливата природа на Скорпиите или вештините за комуникација на Близнаците, но имаат големи, тажни очи кои прават да сакате да поправите сè за нив.

Внимавајте – под целата таа чувствителност, лежи манипулатор.

Рак

Можеби ја застапуваат љубовта и лојалноста, но кога се повредени или во слеп сокак, нивната итроштина излегува на површина.

Повеќето мислат дека тие се неспособни за вакви зајадливи нешта, но всушност се, и тоа многу.

Експерти се кога се работи за емотивна манипулација, знаат точно како да направат да се чувствувате виновно или да направите нешто без да сфатите што правите.

Но, сепак, тоа најчесто е во обид да ги заштитат саканите или себеси. Можеби не се проблематични како Скорпиите и Близнаците, но знаат како да направат да „танцувате на нивното оро“.

Лав

Лавовите на прв поглед не изгледаат на манипулативни, но не дозволувајте таа самоуверена и ладна вибрација да ве излаже.

Ако нешто посакаат, ќе ја искористат својата харизма и ум за да се осигураат дека ќе го добијат.

И нема ни да бидат суптилни – сакаат драма повеќе отколку правење нешто зад грб. Но, исто така, ќе се погрижат да изгледа како тие да ви прават услуга со тоа што вие правите нешто за нив.

Манипулацијата можеби е очигледна, но нивната доверба е привлечна, па секако ќе го направите тоа што сакаат.

Вага

Вагите сакаат мир и хармонија, но вистината е дека се способни да ве изманипулираат, на индиректен начин, бидејќи не сакаат никакви конфронтации и драми.

Наместо директно да го изнесат проблемот, тие ќе ве водат во насока во која тие сакаат, без да сфатите. Нивното тајно оружје? Таа пријателска и шармантна насмевка што прави да им верувате целосно.

Тие се професионалци за седење на две столчиња за да ги направат сите среќни – или барем да се извлечат себеси од неволја. Но, не се злобни – само сакаат да нема никакви драми (за нив).

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Кој е вашиот елемент во астрологијата и што кажува за вас? Огнените знаци – Овен, Стрелец и Лав – се храбри, страсни и самоуверени. Притисо...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg