Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)?
И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размислување. Проблемот е што ни едниот ни другиот нема да ја прифатат оваа разлика и постојано ќе пробуваат да докажат кој е во право.
Некои хороскопски знаци, едноставно, не се компатибилни.
Ова не значи дека не можат да живеат во хармонија, но обично ќе им требаат натчовечки сили за да ги надминат рзликите меѓу нив.
А, некомпатибилноста на хороскопските знаци може да дојде до израз кај снаите и свекрвите – две жени кои можеби немаат ништо заедничкиот, но одеднаш стануваат семејство.
Најлошите астролошки комбинации на снаа и свекрва:
Овен и Јарец
Додека Овенот може да биде многу отворен и дружељубив, Јарецот е поприземјен и му треба повеќе време да ја прифати другата личност.
Двата знака имаат мошне различни ставови, а ова дополнително им го комплицира односот.
Бик и Лав
Во оваа комбинација, најголем проблем ќе биде тврдоглавоста на децата знака.
Покрај тоа, додека Лавот знае да биде многу драматичен во однос на своите чувства, Бикот е премногу воздржан, дури и ладен.
Близнаци и Девица
На Девиците кои се опседнати со перфекционизам може да им пречи слободоумноста на Близнаците.
Ова може да биде причина за безброј караници меѓу двата знака, особено ако ја избегнуваат отворената комуникација.
Рак и Вага
Ракот е емотивна личност која обично е затворена, а ова може да ѝ пречи на Вагата.
Вагата, од друга страна, може да изгледа како да го игнорира Ракот.
Па, помеѓу двата знака може да постои некаква суптилна омраза.
Скорпија и Водолија
И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начин на размислување.
Проблемот е што ни едниот ни другиот нема да се прифатат меѓусебно и постојано ќе пробуваат да докажат кој е во право.
Стрелец и Риби
Стрелците ја сакаат својата слобода, па некогаш Рибите можат да им изгледаат како да се „залепени“ за нив.
Рибите, пак, честопати може да бидат повредени од Стрелците поради нивното непромислено зборување.
Спирова С. | Црнобело