Хороскопските знаци рангирани според манипулативност – кој најмногу ќе ви го „загорчи“ животот?
Девица
Девиците не манипулираат од забава, туку од практични причини. Бидејќи се перфекционисти кои сакаат работите да се направени на нивен начин, па одлучуваат некогаш скришно и суптилно да направат нешто.
Ќе ви пуштаат скришно и неприметно насоки, ќе ви ставаат идеи во глава и тивко ќе преземат контрола над ситуацијата без да направат сцена.
Тие не се емоционални манипулатори, кај нив сè се врти околу логиката и стратегијата.
Овен
Овните не се баш познати по тоа дека се манипулативни. Зошто? Бидејќи се премногу директни и не можат да се занимаваат со манипулации.
Ако сакаат нешто – едноставно ќе одат по тоа. Но, тоа не значи дека некогаш не знаат да бидат итри кога сакаат да бидат.
Тие имаат моќ да ја искористат својата страсна и храбра енергија за да ги натераат луѓето да направат нешто на нивен начин.
Тоа не е класична манипулација, но можат да бидат прилично уверливи.
Јарец
Кога зборуваме за манипулативни хороскопски знаци, Јарците се премногу зафатени со качување на скалата на успех, за да трошат време на манипулација.
Тие се практични, амбициозни, фокусирани и насочени кон тоа што го сакаат.
Но, ако некогаш манипулираат, тоа е со добра причина – како на пример за унапредување во кариерата или нешто за што секогаш сонувале.
Преферираат да играат долга игра и се потпираат на трпение и стратегија за да го добијат тоа што го сакаат. Но, ако можат, би се вратиле на напорна работа, наместо служење со трикови.
Стрелец
Премногу ја сакаат слободата и живот за да се занимаваат со вакви работи, па речиси никогаш не се заинтересирани за правење шеми и контролирање на луѓето.
Повеќе се фокусираат на себе и планирање на своите авантури, а ако се обидат да ве манипулираат, тоа не е намерно.
Тие се брутално искрени и немаат трпение да си играат умствени игри, но нивниот шарм е многу уверлив, па може некогаш да ве натераат на нешто без никој да сфати што се случило.
Бик
Биковите се премногу опуштени за да смислуваат итроштини и трикови. Тие се едноставни и директни луѓе.
Ако сакаат нешто, ќе кажат или ќе тргнат да си го земат или остварат самите.
Тврдоглави се неверојатно многу, па може ќе се обидат да ве предомислат за нешто, но нема да се потпираат на никакви трикови со задни намери.
Водолија
Кога зборуваме за најмалку манипулативни и зајадливи знаци, тоа се Водолиите – го немаат тоа во себе.
Тие се независни и на нив не им ни паѓа на памет да контролираат некого или да влијаат некому, фокусирани се на своите идеи.
Може случајно да ве збунат со својата логика па по грешка да ве изманипулираат, но ја ценат и својата и вашата слобода, па не сакаат такви игри.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





