Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот?
Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа имаат и дали ќе успеат во невозможното.
Некои луѓе како да се родени под среќна ѕвезда, па што и да почнат да прават - им оди од рака. Други, пак, се вистински баксузи.
Во која група сте вие?
Хороскопскиот знак открива дали сте малер или имате среќа:
Овен
Среќата на Овните доаѓа од нив самите. Тие си ја создаваат сопствената среќа и не чекаат некоја мистериозна сила да им помогне да ги придвижат работите или да го добијат тоа што го сакаат.
Овните се прилично среќни, само треба да посакуваат нешто доволно за да се потрудат да го добијат.
Бик
Биковите не веруваат многу во среќа, бидејќи повеќе ги следат малери отколку што навистина имаат среќа во животот.
Но, позитивната страна е што, дури и кога ќе им се случи нешто лошо или некоја несреќа, тие ќе најдат начин да се извлечат и да продолжат напред.
Близнаци
Близнаците се од оние хороскопски знаци кои не сакаат да се потпираат многу на среќата, туку на својата мудрост, знаење и брзиот начин на размислување.
Не се најголемите малери во зодијакот, но мора да се потрудат многу ако сакаат „среќата да им се насмее“.
Рак
Раковите се едни од најсреќните знаци, иако често не можат да ја препознаат среќата.
Сепак, Раковите добиваат можности какви што немаат другите знаци - се чини дека само тие добиваат на игрите на среќа или наоѓаат пари по улица.
Лав
Лавовите не се многу среќни, но изгледа како сè што ќе допрат, да се претвора во злато.
Веруваат во себе и своите способности, поради што сметаат дека не им треба среќа и некоја „космичка сила“ за да го добијат тоа што го посакуваат.
Девица
Девиците не се потпираат многу на среќата, затоа што никогаш и немале многу среќа во животот.
Сè што добиваат Девиците во животот е поради нивниот труд и напорната работа.