Доблести и мани кои ги имаат во кревет хороскопските знаци - Лавот нуди кралски третман (18+)
Близнаците се енергични и љубопитни, а во кревет сакаат да го истражуваат секој милиметар од партнерот. Но, која е нивната мана?
Сите хороскопски знаци имаат и силни и слаби страни кога е во прашање сексот.
Некој е добар со предиграта, друг во заведувањето, некој е предвидлив во тоа што го прави, а друг не сака да проба нешто ново.
Па, во зависност од карактеристиките и преференциите, прочитајте и дознајте што го прави секој хороскопски знак добар, односно лош во кревет.
Кои се силните, а кои се слабите страни во сексот на секој хороскопски знак?
Овен
Доблести: Нивната вештина во креветот може да се спореди со гром - често доаѓа ненадејно, а со својата енергија знаат како да го изненадат партнерот.
Овните сакаат да доминираат, а сексот со нив е спонтан и страстен.
Мани: Нивниот недостаток е што, иако можат да се запалат брзо како гром, нивната страст може да исчезне со истата брзина, односно, да немаат трпение и да побрзаат да свршат.
Се чини дека се стремат да бидат први во сè, вклучително и во постигнувањето оргазам, без разлика дали нивниот партнер е блиску или не.
Бик
Доблести: Биковите се многу сензуални, а во сексот се многу издржливи, дури и ненаситни.
Уживаат во допирот на свилена долна облека, во заводливиот мирис на парфем - во сексот ги користат сите сетила.
Мани: Ниту еден детал не им бега, но сепак имаат мана - Биковите можат да бидат предвидливи во позите, времето и местото каде што сакаат да имаат секс.
Близнаци
Доблести: Близнаците се енергични и љубопитни, а во кревет сакаат да го истражуваат секој милиметар од партнерот.
Нивниот сексуален стил постојано се менува, за нив ништо не е табу, а тие се спремни да ги испробаат сите пози, сите помагала и да си ја остварат секоја фантазија.
Мани: За жал, Близнаците како да имаат краток интервал на концентрација, така нивното либидо иако брзо се разгорува, поденакво брзо се гасне.
Ако не си ја задоволат сексуалната желба во моментот, може да ги молите со часови, а тие да ве игнорираат.
Рак
Доблести: Раковите се сензуални по природа, а своите емоции лесно ги пренесуваат и во сексот.
Затоа, дури и кога се заинтересирани само за секс, личноста со која се во креветот, тоа го доживува како водење љубов и повик за вистинска врска.
Мани: Иако е грижлив, Ракот често доживува промени во расположението, па може да се претвори во бесчувствителна личност, а сексот да е груб и ладен ако се лути на партнерот.
Лав
Доблести: Лавовите сакаат да уживаат во сексот, па затоа даваат, но и бараат кралски третман во креветот.
Со Лавот ќе имате предигра, маратонски секс и долго галење потоа.
Мани: Нивниот недостаток е што понекогаш повеќе размислуваат за сопственото задоволство отколку на партнерот.
Понекогаш се мрзеливи при предиграта, но без проблем ќе уживаат во галењето.
Девица
Доблести: Девиците сакаат да му угодат на партнерот, а ако видат дека тој/таа ужива, се чувствуваат секси и се уште повозбудени.
Тие постојано стекнуваат нови вештини и со тоа го изненадуваат партнерот.
Мани: Нивниот недостаток е тоа што на почетокот на врската секогаш се расположени за секс, но по некое време не преземаат акција ако другата страна не иницира секс.