Доблести и мани кои ги имаат во кревет хороскопските знаци - Лавот нуди кралски третман (18+)

doblesti-i-mani-vo-krevetot-na-horoskopskite-znaci-lavot-nudi-kralski-tretman-jarecot-ima-nastrani-zhelbi-02.jpg

Вага

Доблести: За Вагите сексот започнува многу пред да се соблечат - за нив комплиментите, убавите гестови и разговорот се увертира за страст.

Со нив сексот е прекрасно искуство, зашто внимаваат на облеката, мирисите, атмосферата...

Мани: Недостаток им е што често очекуваат партнерот да им ги чита мислите, па нема да кажат што точно сакаат.

Ако партнерот не ги исполни нивните очекувања може да станат фрустрирани и пасивно-агресивни.

Скорпија

Доблести: Скорпиите се „кралеви на сексот“ во Зодијакот и имаат ненаситно либидо, но сексот со нив никогаш не е досаден.

Од своите партнери бараат целосно да им се предадат и лесно ги воведуваат во светот на сексуалните игри во кои уживаат заедно.

Мани: Нивниот недостаток е што може да претераат со своите фетиши, па ако не добијат посакуван фидбек од партнерот, да се изладат и да бараат задоволство на друго место. 

Стрелец

Доблести: Стрелците се либерални и сакаат да истражуваат нови работи, па затоа сексот со нив е многу забавен.

Кога се расположени, ќе направат сè за да имате незаборавно искуство, дури и тоа да е кратко.

Мани: Колку и да се добри љубовници кои посветуваат многу внимание на бакнувањето, со нив сексот може да изгледа безличен, односно личноста со која се во кревет да ја претворат во предмет за задоволување на својата страст.

Јарец

Доблести: Јарците се сексуално љубопитни и снаодливи, а имаат и по малку настран ум.

Тоа што се потценети од околината го користат во своја полза, па кога ќе поминете неколку ноѓи со нив ќе сфатите колку, всушност, се даваат во сексот.

Мани: Нивниот недостаток е тоа што им треба време да се опуштат и да му покажат на партнерот сè.

Тие се создадено за долги врски и љубов, а не за минливи авантури.

Водолија

Доблести: Водолиите се иноватори, а сексот е само уште едно поле во кое можат да експериментираат и истражуваат.

За нив нема табуа, па затоа се идеалниот партнер со кој без срам ќе можете да пробате сè што некогаш сте посакале и со задоволство ќе ви ги откријат своите перверзии.

Мани: Недостаток кај Водолиите е тоа што сексот со нив може да се претвори повеќе во физичко, а помалку во емоционално искуство.

Риби

Доблести: Рибите се многу интуитивни и го разбираат „говорот на телото“ на партнерот, па често знаат што сака тој, пред тој самиот да каже.

Тие водат љубов со сите сетила, речиси уметнички, со многу „пеперутки“ и трнење по кожата.

Мани: Недостаток им е тоа што понекогаш функционираат според принципот црно-бело, па во сексот се однесуваат или премногу себично или премногу опуштено.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg