Како се однесува секој хороскопски знак на празничните прослави?

Вагите го фотографираат секој миг, а Биковите најмногу се фокусираат на храната. Какви сте вие на празничните прослави, според вашиот хороскопски знак?

kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-na-praznichnite-proslavi-01.jpg

Со декември почнуваат и празничните прослави, или барем плановите за нив.

Во последните недела-две од месецот главно не ни мислиме на нешто друго, освен на дружбите и, секако, вкусната храна и можноста да се опуштиме.

А, какви се хороскопските знаци на овие прослави, погледнете во продолжение:

Овен – иницијатори

Вие сте личноста која ги иницира празничните собири.

Иако можеби не секогаш ги организирате, успевате да ги убедите другите да дојдат и им помагате на сите да си поминат одлично.

Бик – најмногу се фокусирате на храната

Вие уживате во вкусна храна, па празничните прослави ги гледате како одлична можност да пробате нешто ново.

Ќе пробате од сè на масата, ќе изедете повеќе отколку што треба и на крај се жалите дека сте се прејале.

Близнаци – постојано расположени за разговор

Вие сте дружељубива личност која обожава да зборува.

Кога сте на празнична прослава, речиси и да не ја затворате устата, сакате да поразговарате со буквално сите присутни и секогаш имате некоја приказна за раскажување.

Рак – организатори

Дури и ако никој не го бара тоа од вас, вие целосно се посветувате на организацијата на прославата.

Внимавате сè да биде „под конец“, проверувате дали сите имаат пијачка, ги прашувате дали јаделе…

Лав – најдобро облечени

Секако дека како личност која сака да привлекува внимание, на празничните прослави се појавувате во најдобра облека.

Сакате да се истакнете, а и ви годи кога другите ќе ви дадат комплименти за изгледот.

Девица – најдобри готвачи

Кога станува збор за домашни прослави, вие ја користите можноста да се истакнете како готвач.

Го правите вашиот најдобар рецепт и будно ги следите реакциите кога другите го пробуваат јадењето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg