Како се однесува секој хороскопски знак на празничните прослави?

kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-na-praznichnite-proslavi-02.jpg

Вага – „професионални“ фотографи

На секоја празнична прослава, вие си давате задача да направите што е можно повеќе фотки.

Први споделувате „сториња“ на Инстаграм и го фотографирате секој миг.

Секако, следниот ден оние кои не се преоптоварувале со правење фотки ги бараат вашите.

Скорпија – сакате да се опуштите (со алкохол)

Обично сте воздржана личност, но на празничните прослави си дозволувате да испиете чашка повеќе.

Секако, не претерувате, но сметате и дека не е на „одмет“ да порачате уште еден коктел.

Стрелец – си заминувате рано (без да се поздравите)

Целиот ваш живот е авантура, па празничните прослави не ви се нешто посебно.

Затоа и знаете да си заминете порано, без воопшто да се поздравите, особено ако ве викнат на место каде што мислите дека има подобра забава.

Јарец – вечни домаќини

Без разлика дали вие сте домаќинот или сте во локал, се однесувате како прославата да е ваша.

Сакате сè да е под ваша контрола, а ова некогаш води и до конфликти со Раковите на забавата кои, слично на вас, сакаат да глумат организатори.

Водолија – жалите што воопшто сте дошле

Секогаш ги прифаќате поканите за празнични прослави, но само од почит.

И, одите на нив од почит, но кога ќе стигнете, посакувате воопшто да не сте излегле од дома.

Риби – вечни романтичари

Вие ги замислувате празничните прослави како романтични настани, особено ако сте сингл.

Иако не признавате, се надевате дека тогаш ќе ја сретнете сродната душа или конечно ќе ја бакнете личноста што ви се допаѓа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg