Една причина зошто не можете да си ги остварите животните цели, според хороскопскиот знак
Бикови, за вас е невозможно да преземете ризик и да ја напуштите вашата зона на комфор, што значително ви го отежнува остварувањето на целите.
Сите имаме моменти кога се чувствуваме „заглавено“ во животот и се чини дека не можеме ни да се приближиме до некој цел, уште помалку да ја оствариме.
Во овие мигови, важно да најдеме што е она што нè кочи.
Зошто вие не можете да си ги остварите целите, според вашиот хороскопски знак:
Овен – многу сте нетрпеливи
Трпеливоста дефинитивно не ви е јака страна. Сакате да ризикувате и секогаш брзате.
Не размислувате долгорочно и сакате веднаш да видите резултат од она што го работите.
Кога работите на цел за која треба истрајност, донесувате непромислени одлуки мислејќи дека ќе ја стигнете побрзо.
За да се справите со ова, пробајте покрај една долгорочна цел, да имате и неколку помали кои побрзо ќе ви донесат резултат за да ви помогнат да го контролирате импулсивното однесување.
Бик – не излегувате од зоната на комфор
Сигурно и самите сте свесни дека ви треба натчовечка сила за да излезете од вашата зона на комфор.
Некогаш за вас е невозможно да преземете ризик, што дополнително го одолговлекува остварувањето на вашите цели.
Кога станува збор за обврски кои се предизвикувачки или бараат спонтаност, навистина ви е тешко да ги реализирате.
Не пробувајте одеднаш да го промените ова, туку постепено правите мали промени и предизвиците ќе ви стана полесни.
Близнаци – премногу сте зафатени
Вие сте постојано преплавени со обврски и самите си го трупате распоредот со сè и сешто.
Но, кога сте растргнати на неколку страни и се фокусирате на повеќе цели одеднаш, на крај не успевате да остварите ниту една.
Тешко ви е да се посветите на цели кои го бараат целото ваше внимание бидејќи додека работите на едно нешто, мислите на сосема друго.
Мора да научите да се фокусирате на една работа ако сакате да забележите каков било напредок.
Рак – не поставувате граници
Веројатно саканите ви имаат кажано дека треба да поставите граници во односот со другите.
Но, мора да си поставите граници и за самите себе, односно да бидете малку построги.
Кога нема да остварите некоја цел, лесно се убедувате дека, едноставно, не можете, па се откажувате.
Ако направите грешка додека се движите кон некоја цел, немојте да „кревате раце“.
Пробајте да ја воочите грешката, научете нешто од неа, а ако треба побарајте и помош за да продолжите понатаму.
Лав – не сте доволно заинтересирани
Зад себе веројатно имате многу остварени цели.
Но, кога станува збор за цел која е само за вас, ви станува тешко да го задржите интересот.
Вие генерално се фокусирате на цели кои ќе го подобрат вашиот имиџ и ќе ги восхитат другите.
Но, од друга страна, воопшто не сте заинтересирани за цели кои ќе ве подобрат вам како личност или ќе ви го подобрат животот.
Мислите дека ова се цели кои никој нема да забележите дека сте ги оствариле, па не им придавате значење.
Кога треба да се фокусирате на некоја ваква цел, споделувајте го прогресот со некоја блиска личност за колку-толку да си го нахраните егото.
Девица – имате превисоки очекувања од себе
Како перфекционист, за вас никогаш ништо не е доволно добро.
Кога работите на некоја цел, сакате да имате контрола над секоја ситница, а дури и кога другите се воодушевени од она тоа сте го постигнале, вие никогаш не сте задоволни.
Поради ова, неретко се откажувате од целите бидејќи мислите дека не можете да ги остварите токму така како што сте си замислиле.
Мора да заборавите на желбата за контрола и да заборавите на перфекционизмот.
Не заборавајте дека штом ќе стигнете некоја цел, нема да ви биде многу важно дали целиот процес бил беспрекорен.