Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Тигар |
Гледање тигар во сон значи дека во својата околина имате љубоморни луѓе. |
Тиква | Ако јадете тикви во сон значи дека желбите нема да ви се исполнат. |
Тим | Ако на сон сте дел од некој тим, на јаве исто така означува делење на обврските и одговорностите со некого. |
Титула | Ако на сон добивате некаква титула, тоа значи дека постои сомневање во вашата професионалност. |
Тишина | Тишина на сон означува вознемирување во реалноста. |
Тоалет (wc) | Ако сонувате тоалет предупредува на озборување. |
Топ | Гледање топ во сон означува дека ти следува кавга, страв, немаштија. |
Топка | Играте со топка: беда, кавга; гледање топка: ќе доживееш мали радости. |
Топола | Топола во сон е знак дека си опкружен со среќа на јаве. |
Торба | Полна: не биди вообразен; празна: мисли малку и за утре; нова: ќе добиеш поволни вести; училишна: мора малку да се потрудиш за да успееш. |
Тореадор | Ако сонувате тореадор, ќе наидете на опасен човек во секојдневието. |
Торнадо | Торнадо на сон обично се поврзува со некој немир кој го чувствувате во реалноста. Овие сонови ги имаме кога сме исплашени или под стрес. |
Торта | Добивање торта: радост; подарување: неизвесност во љубовта; јадење: ќе учествуваш на гозба или на пијанка. |
Тост | Ќе остварите брз напредок на професионален план. |
Точка | Ако сонувате точки, тоа значи дека ќе најдете соодветен начин за да се соочите со некој проблем кој ве мачи подолго време. |
Трага | Ако сонувате дека следите некои траги, тоа значи дека на работното место се движите во вистинска насока. |
Трагедија | Трагедија на сон означува среќен период. |
Траект | Можно е да донесете одлука да се преселите. |
Трактор | Гледање: неочекуван приход. Возење: ќе се помачите да заработите пари. |
Трамвај | Гледање трамвај во сон значи дека си опкружен со неискрени личности на јаве. |
Трафика | Ако на сон нешто купувате во трафика, ве очекува здодевен период. |
Трговски центар | Ако сонувате шопинг во трговски центар, тоа може да бие знак дека сакате да пронајдете нов правец во животот. |
Трева | Зелена: страв, беда; сува: ќе изгубиш пријател; искосена: пријател ќе се разболи; корнење трева: болест. |
Трезор | Ако сонувате трезор, ова значи дека криете нешто важно или вредно за вас. |
Тренер | Ако сонувате тренер, ова значи дека мора да бидете подисциплинирани и организирани. |
Триумф | Триумф на сон означува дека имате потреба од повеќе учење и знаење. |
Трка | Трчање сам: успешно ќе ги совладаш сите тешкотии, добивка; гледање трка: не занемарувај ги секојдневните обврски; да сакате, но да не можете да трчате во сон: ќе имаш многу препреки до конечниот успех. |
Тркало | Сонување дека тркало се врти означува брз успех, просперитет; закочено тркало е знак за болест, кавга на јаве; скршено значи неспокој. |
Трн | Ако видите трн во сон значи дека сте во погрешно друштво. |
Трње | Сонување дека газите трње предупредува дека некој ќе ве понижи; паѓање во трње: необично љубовно доживување; бодење на трње: незгода, опасност. |