Соновник | Sonovnik
Term | Main definition |
---|---|
Гоџи бери |
Гоџи бобинки во сон значат дека конечно ќе обрнете повеќе внимание на сопственото здравје. |
Грав | Ако видите грав во сонот значи дека ќе чуете добри вести, успех; ако јадете: болест, кавга, незадоволство; ако купите: слаба заработувачка; ако гледате на грав: избрзана одлука; фабрика: не очекувајте многу од соседите. |
Град | Непознат град во сонот симболизира незадоволство од начинот на живот којшто го водите. |
Градилиште | Бидете внимателни при големи зделки, потребна ви е љубов, но вие бегате од неа. |
Градина | Посеана: напредок; изгазена: ќе имате штета поради некој друг; Стаклена: светла иднина во секој аспект од животот. |
Градинар | Да се биде: ќе уживате во љубовта; Ако го гледате: доаѓа непријатност и досада, кавги со соседите. |
Градите нешто | Ако градите нешто во вашиот сон тоа значи дека ве очекува подолго патување. |
Градник | Ако сонува маж: некој од околината негативно влијае на вас; ако сонува жена: успех во друштво |
Грамофон | Тешки облаци над љубовната врска. Ако го видите: внимавајте на своето однесување; ако слушате музика на грамофонот: ве озборуваат. |
Грамофонска плоча | Носталгија за некои минати времиња. |
Граната | Ако видите граната: опасноста ви е во близина, некому кому му верувате ве лаже; ако експлодира: ќе ве снајде несреќа, немојте да се доверувате на околината. |
Граница | Ако преминувате граница: успех, никако не се откажувајте од своите способности; ако ја видите: не сте сигурни во своите намери. |
Гранка | Ако видите гранка која се ниша во вашиот сон значи дека им се доверувате на пријатели во кои имате доверба. |
Грашок | Ако берете: ќе си го проширите имотот; ако јадете: невино сте осудени, неоправдано некој ве озборува; ако садите: напредок во домаќинството; ако отворате конзерва: помали неприлики кои самите сте си ги направиле. |
Грбава личност | Ако бидете грбав во сонот тоа значи дека ќе добиете поголема добивка на лотарија. |
Гребло | Ако сонувате гребло тоа значи дека ќе си ги средите личните проблеми. |
Греда | Ако сонувате греда тоа значи дека ве очекува некако товар, бреме. |
Греење | Ако се греете во сон предупредува дека ве очекува болест во куќата. |
Грижа | Грижа во сон: безгрижен живот на јаве. |
Грмотевица | Ако слушнете: непријатни вести, тага; со молњи: неочекувано среќна средба; ако гледате: ќе се помирите со пријателот. |
Грмушка | Може да се случи некому да позајмите пари, по што таа личност ќе се преправа дека не ве познава. |
Гроб | Гледање гроб во сон предупредува на губење во игрите на среќа, ќе слушнете лоши вести. |
Гробишта | Ако видите: среќна старост, исполнување на желбите; ако шетате низ гробишта: лош брак, жалост, недостаток на самодоверба, имајте повеќе верба во своите способности. |
Грозје | Ако берете: неочекувана разделба, солзи; ако мелете: ќе стекнете нови познанства; ако јадете: ќе имате повеќе љубовници/љубовнички, ново познанство, нова љубов, здравје, на шокот: чест; ако продавате: ќе изгубите еден пријател; суво: радосен социјален настан; ако јадете суво: повеќе ќе трошите отколку што ќе заработувате. |
Гром | Удар на гром во сонот предупредува да се чувате од несреќа, жалост. |
Громобран | Ја браните погрешната личност. |
Грч | Ако имате грч во сонот тоа предупредува на неволји, тежок период во животот. |
Губење невиност | Во сон предупредува дека ќе претрпиш голем срам. |
Губите во карти | Вложувањето во ризични зделки ќе ви донесе повеќе штета отколку корист. |
Гудало | После грижи следува задоволство и поволен период од животот. |