Железничка пруга
Term | Main definition |
---|---|
Железничка пруга | Ако видите: побрзајте со започнатата работа, грижа, непријатна посета; ако се возите: неочекуван глас, патување. Што значи сонување на железничка пруга или шини?Ако сонувате дека гледате железничка пругаАко во сон видете железничка прруга, тоа означува изненадна средба. Може да се случи да видите личност кон која во минатото сте имале посебни емоции. Ќе бидете преплавени со спомени и ќе почувствувате потреба да му/и кажете работи кои останале недоречени. Сонувате дека гледате во железнички преминДоколку во сон гледате железнички премин, тоа ве предупредува дека некој е љубоморен на вас. Можно е да се работи за личност која се преправа како ваш/а пријател/ка, а само чека да ви забие нож во грб. Иако не сте му/ѝ дале повод за тоа, ќе морате да бидете повнимателни и да се оддалечите од неа/него. Сонувате сообраќајна несреќа на железнички преминКога во сон ќе видете сообраќајна несреќа на железнички премин, тоа покажува дека имате црни мисли. Веројатно се соочувате со проблеми за кои не гледате решение. Сметате дека ништо нема смисла и поради тоа паѓате во депресија и немате желба за живот. Најдобро би било да побарате помош и да им признаете на најблиските со какви проблеми се соочувате. Тие сигурно ќе направат сè да ви помогнат. Сонувате железницаАко во сон видете железнички превоз, тоа ви посочува да побрзате со започнатите работи. Можно е да ви излегле ненадејни работи поради кои сте морале да ги смените вашите планови. Покрај стресот и нервирањето, имате и големи трошоци кои ќе ве натераат да одлучите дали ќе продолжите со работата или ќе ја отфрлите. Сонувате дека се возите со возДоколку во сон се возите со воз, тоа означува патување. Можеби ќе се одлучите да ја смените средината, и да ја побарате среќата во некој друг град/држава. Мотивот за тоа ќе ви биде да запознаете нова култура, луѓе, стекнете нови искуства и заработите пари. Сонувате железничка станицаКога во сон ќе видите железничка станица, тоа означува дека ќе бидете во недоумица. Веројатно ќе морате да донесете одлука која ќе влијае на вашата иднина. Многу ќе размислувате и ќе знаете дека и едната и другата опција бараат одрекувања кои тешко ќе ви паднат. Сонувате дека чекате на железничка станица.Доколку во сон чекате на железничка станица, тоа значи дека некој ќе ве измами. Можно е да се работи за личност на која сте ѝ верувале. Нема да се однесува како порано и многу нејзини/негови постапки ќе покажат дека не размислува за вашите чуства. Сонувате дека сте виделе железничарДоколку во сон видите железничар, тоа значи дека ве чека весела иднина. Веројатно ќе ви се исполнат плановите поради кои ќе имате живот каков сте мечтеале. Ќе ширите позитивна енергија и луѓето од вашата околина ќе бидат среќни во вашето присуство. Сонувате дека вие сте железничарКога во сонот вие сте железничарот, тоа ви покажува дека нема да бидете доволно платени за работата која ја извршувате. Можно е и платата да ви касни поради што ќе ви се отежне живеењето. Ќе ве прогонува неправдата и ќе се плашите да барате нешто друго. Значењето на сонот може да биде и поедноставно. Доколку во скоро време сте виделе железнички премин, железнички премин, железница или железничар, тоа сигурно има оставено впечаток на вас. Дефиниција за железничка пругаЖелезничка пруга се состои од еден или повеќе колосеци по кои се одвива железничкиот сообраќај. |