Вереник (вереница)

Term Main definition
Вереник (вереница)

Ако водите на венчавка: вашата желба ќе се оствари; ако играте со него /неа: брак во скоро време; ако видите: душевен мир; ако видите како трча: смрт.

Што значи да сонувате вереник или вереница?

Ако сонувате дека гледате вереник или вереница

Ако видите вереник или вереница во сон, тоа симболизира душевен мир. Можеби сте во врска со некоја личност на која можете да се потпрете и која ви пружа поддршка и разбирање.

Се чувствувате безбедно затоа што знаете дека не сте сами и дека партнерот ќе ви помогне тогаш кога ви биде најпотребно.

Ако сонувате дека вереникот или вереницата ја водите на венчавка

Ако го/ја однесете вереникот или вереницата на венчавка во вашиот сон, тоа укажува дека вашата желба ќе се оствари. Веројатно ќе бидете сами подолго време затоа што ќе мислите дека е подобро отколку да бидете во лошо друштво.

Чекањето ќе се исплати затоа што наскоро ќе запознаете личност која ќе ги исполнува критериумите што се исклучително важни за вас.

Ако сонувате вереници во црква

Ако во сон гледате вереници во црква, тоа подразбира дека ги криете чувствата кон некого. Веројатно сте за вљубени во некоја личност којашто е зафатена, па затоа се срамите да го признаете тоа затоа што знаете дека тоа претставува грев.

Во вас секојдневно се одвива борба помеѓу срцето и умот, но, без оглед кој ќе победи, вие нема да бидете целосно среќни.

Ако гледате како танцуваат верениците

Кога ќе ги видите верениците како танцуваат во вашиот сон, тоа покажува дека имате идеал кон кој се стремите. Можеби сакате да имате хармоничен однос или брак како некој што го познавате. Вие ги апсорбирате неговите/нејзините совети како сунѓер и постапувате соодветно.

Честопати заборавате дека никаде и во ништо не постои совршенство и дека секој има проблеми со кои, порано или подоцна, се соочува.

Ако сонувате дека танцувате со вашиот вереник или вереница

Кога танцувате со вереникот или вереницата во вашиот сон, тоа значи неминовен брак. Може да се случи во наредниот период да ја запросите саканата личност или да ве запроси саканата личност.

Наскоро ќе започнете да се подготвувате за венчавката затоа што сакате тој ден да биде совршен.

Ако видите како вереник или вереница трча

Ако видите како трча вереник или вереница во вашиот сон, тоа подразбира дека не им верувате. Можно е често да проверувате каде е, со кого е и што прави. Не можете да се опуштите затоа што имате лошо чувство и би сакале да знаете какви се неговите планови.

Штом ги прашате, избегнуваат да ви дадат конкретен одговор и ве заобиколуваат како дожд во Сахара.

Ако сонувате дека разговарате со вереник или вереница во сонот

Ако разговарате со вереник или вереница во вашиот сон, тој сон укажува дека планирате да решите одреден проблем. Можеби ќе треба да вклучите други луѓе во ова планирање со цел проблемот успешно да се реши.

Ако сонувате дека се расправате со вереник или со вереница

Кога се карате со вереникот или вереницата во вашиот сон, тоа значи дека сте нервозни. Веројатно имате проблеми на работа, па ја префрлате напнатоста дома.

Вие честопати го истурате бесот врз луѓе кои не го заслужиле тоа, па може да се случи, без никакво објаснување, да престанат да комуницираат со вас.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе, играле, одвеле на свадба или сте се скарале со вереникот или вереницата, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Ако сонувате дека сте сведоци на расправа помеѓу вереници

Ако верениците се расправаат во вашиот сон, тоа значи дека ќе се најдете помеѓу два огна. Може да се случи блиски пријатели да се караат и да треба да одлучите која страна да ја изберете. Бидејќи и двајцата ви се подеднакво драги, ќе се обидете да ги убедите да се помират.

Ако сонувате дека верениците ве исмеваат

Кога верениците ве исмеваат во сон, тоа имплицира дека некој ќе ве повреди. Веројатно сите ваши пријатели се во врска или се во брак, па тоа прави да се чувствувате како црна овца затоа што немате партнер/партнерка. Некои од нив ќе ви постават интимни прашања што нема да ви се допаѓаат, поради што ќе го промените друштвото.

На крајот, треба да се напомене дека ако пред скоро време сте се свршиле или виделе нечија веридба, тогаш овој сон не треба да се толкува затоа што нешто ви оставило впечаток на веридбата, а можно е вашиот мозок едноставно да составил спомени од претходните денови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg