Танга гаќички
Term | Main definition |
---|---|
Танга гаќички | Женски: црно ти се пишува; машки: скандал, срамота, лоши вести; валкани: болест; искинати: опасност, свадба, љубовна авантура, жешка врска; ако носите туѓи гаќички на себе: не се фалете со она што не ви припаѓа. Што значи да сонувате секси долна облека / танга гаќички?Ако сонувате женски танга гаќичкиАко во сонот видите женски гаќички, тоа е предупредување дека ќе ве снајде неволја. Во наредниот период ве очекуваат многу искушенија во кои ќе морате да останете прибрани и со ладна глава да размислувате која е најдобра опција за вас. Ќе дојдете до заклучок дека некои врски, без оглед на трудот, не можат да опстојат и дека е најдобро да ги прекинете пред да ви нанесат поголема штета. Ако сонувате валкани танга гаќичкиАко сонувате валкани гаќички тоа симболизира болест. Веројатно се наоѓате во голем метеж кој ве спречува посериозно да се занимавате со вашата здравствена состојба која веќе некое време ве измачува. Ќе почнете да реагирате тогаш кога ситуацијата ќе стане критична што значително ќе ви го отежне опоравувањето и ќе ве спречи во скоро време да им се вратите на секојдневните активности. Ако сонувате искинати танга гаќичкиДоколку во сонот видите искинати гаќички тоа укажува дека ќе имате жешка врска. Ќе запознаете личност која ќе ви ја пробуди страста во вас со таа мера што ги надминува сите граници со разумот. Поради него/нејзе ќе бидете во состојба да направите се, макар и да се работи за нешто што би можело да ви наштети. Ќе живеете заеднички моменти во текот на кои ќе сфатите дека сте посигурни од ден на ден дека сте ја пронашле совршената жена или совршениот маж. Ако сонувате туѓи танга гаќичкиАко сонувате туѓи гаќички тоа е предупредување да не присвојувате нешто што не ви припаѓа. Ова може да се однесува на работното место, љубовникот/ љубовницата или некој материјален предмет. Можеби ќе се залажувате дека со вас ќе биде поинаку, но ќе завршите како и останатите кои се обиделе да градат своја среќа врз туѓа несреќа. Ако сонувате дека некому соблекувате танга гаќичкиАко сонувате дека некому соблекувате гаќички тоа значи дека ви недостасува секс или во сексот не уживате како во минатото. Лицата кои во моментот немаат партнер, веројатно копнеат за интимност, а ако случајно сте во брак или во врска можеби нештата во постела не се онакви какви што би сакале да бидат. Можеби вашата сексуална енергија не се согласува со партнеровата. Ако ова ви влијае врз врската или бракот морате да разговарате со саканата личност. Немојте да се обидувате да го криете незадоволството туку само ќе ја разбудите партнеровата сомнеж во вашата верност. Ако сонувате дека некој ви ги соблекува гаќичкитеКога вам некој во сон ќе в ги соблече гаќичките тоа има повеќе значења. Доколку вашиот партнер или партнерка го прави тоа сигурно нешто сте премолчеле, па ве гризе совеста. Ако некоја непозната личност ви ги соблекува гаќичките тоа значи дека копнеете да имате односи со туѓинец. Добро би ви дошла некаква промена. Ако сонувате дека не носите гаќичкиДоколку сонувате дека сте излегле од дома без да облечете гаќички тоа имплицира дека сте збунети или преотоварени од големи грижи. Веројатно некој настан ја разнишал вашата рамнотежа, па тешко се снаоѓате околу новонастанатата ситуација. Ако имате многу работа, обидете се да ја поделите со другите инаку стресот би можел да ви го загрози вашето здравје. Ако сонувате дека сте украле гаќичкиКога сонувате дека сте украле гаќички тоа имплицира дека ќе се посрамотите. Можеби во друштвото ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај вашите соговорници. Со желба да бидете рамноправен соговорник во разговорот, вие ќе испаднете смешни. Тоа ќе ви биде лекција да не говорите ништо на теми кои не сте информирани во целост. Ако сонувате дека некому сте украле гаќички од орманАко сонувате дека некому сте украле гаќички од орман, фиока или патна торба тоа имплицира дека ќе бидете насамарени. Можеби сосема несвесно ќе прифатите нешто што ќе ви направи поголема штета отколку корист. Сфатете го ова како искуство и научете од сопствените грешки. Ако сонувате дека некој ви украл гаќичкиОвој сон симболизира навреда. Веројатно ќе ве повреди личност чие мислење ви е многу значајно. Можеби претпоставениот ќе ви даде награда за вложениот труд и работа која е далеку помала од онаа која сте ја очекувале. Наместо да бидете задоволни и горди на себе, вие оваа негова награда ќе ја доживеете како милостина. Кога машко лице сонува дека носи женски гаќичкиДоколку маж сонува дека носи женски гаќички тоа значи дека има потреба да се докаже како мачо тип. Вие сте личност која се згрозува од се што не е во согласност со традиционалното однесување. Не ги сфаќате луѓето кои се декларираат за хомосексуалци и хомосексуалноста ја сметате за пореметување. Најголема навреда според вас е кога некој ќе ве нарече педер, бидејќи се гледате себеси како вистински маж кој сака само жени. Причините поради овие ограничени ставови морате да ги побарате во себе. Некои длабоко вкоренети комплекси не ви дозволуваат да си го отворите умот. Кога жена сонува дека носи машки гаќичкиАко жена сонувате дека носи машки гаќички тоа симболизира потреба да биде сакана и заштитена. Можеби сè уште не сте пронашле маж кој ќе ви го пружи се она што го посакувате. Веројатно се обидувате сегашниот партнер да го направите по ваша мера, но не ви оди од рака. Доколку сте несреќни и незадоволни во врската или во бракот и партнерот го сметате за виновен нема причина и понатаму да ја одолговлекувате оваа агонија. Прифатете го таков каков што е или побарајте си ја среќата со друга личност. Толкувањето на сонот може да зависи и од бојата на гаќичките што ги сонувате. Кога ќе видите црни гаќички во сон тоа значи дека потребите и желбите ви се прилично нереални. Тоа се однесува и на приватниот и на деловниот живот. Црни гаќички на сон обично им се појавуваат на луѓе кои гледаат порно филмов или мастурбираат замислувајќи некого кој не им е партнер во стварниот живот. Сини гаќички симболизираат оптимизам и позитивни промени. Во наредниот период би можеле да го постигнете она што го мечтаете. Ако веќе сте се откажале од тоа, овој сон ви е порака да не губите надеж. Розови гаќички укажуваат дека потполно сте преокупирани од она што го сакате. Можеби сакате да освоите некого или да напредувате на работа. Вашите амбиции би можеле да ви донесат многу добри нешта. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте купувале долна облека или сте гледале женски гаќички, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста. Дефиниција за танга гаќичкиГаќички се дел од интимната или долната облека кои се носат под панталони, здолниште или кратки панталони. |