Панталони
Term | Main definition |
---|---|
Панталони | Нови панталони: радост; стари: грижи; валкани, искинати: озборувања, понижување, срам; ако носите панталони значи дека ќе доживеете чест и признание; ако соблечете панталони: пропаст, загуба; ако крпите панталони: финансиските проблеми ќе ве престигнат. Што значи тоа кога сонувате панталони?Ако сонувате нови панталониАко видите нови панталони во сон, тоа симболизира радост. Вие сте личност којашто не сака да зависи од никого, па затоа претпочитате да носите и да користите стари работи сè додека не соберете доволно пари за да го обновите плакарот. Вие не му придавате многу значење на материјалното, но тоа ја претставува вашата независност и жртвите што ве довеле до местото каде што сте сега. Ако сонувате стари панталониАко видите стари панталони во сон, тоа подразбира дека сте загрижени. Можно е во претходниот период да не сте се грижеле за вашата исхрана, поради што се разболувате при самата помисла на работите што ги носеле порано. Не се осмелувате да ги испробате и постојано си ветувате дека од понеделник ќе започнете со вежбање и диети. Ако сонувате валкани панталониКога во сон ќе видите валкани панталони, тоа симболизира озборување. Веројатно луѓето околу вас едвај чекаат некој да направи каква било грешка за да имаат за што да разговараат. Иако се обидувате да избегнете такви разговори, започнувате да ги забележувате недостатоците кои дотичните луѓе најчесто ги исмеваат. Ако сонувате дека носите панталониАко носите панталони во сон, тоа покажува дека ќе доживеете чест. Можно е конечно да го добиете местото што го заслужувате на работа или во семејство. Сте морале многу да се борите и да се докажувате, што ќе резултира со нови одговорности што ќе ви бидат доверени. Ако сонувате дека ги соблекувате панталонитеАко ги соблечете панталоните во сон, тоа може да предупредува на некаква загуба. Веројатно нема да можете да одолеете на некои искушенија и како резултат на тоа ќе дозволите слабостите да доминираат над вас. Како последица, вашиот партнер може да ве напушти и вашата репутација може сериозно да биде нарушена во друштвото. Ако сонувате дека крпите панталониКога ги крпите панталоните во сон, тоа подразбира дека ќе се соочите со финансиски потешкотии. Можно е да не можете да си дозволите нешто ново подолг временски период и секој денар да го потрошите на членовите на семејството. Среќни сте ако успеете да ги насмеете, па затоа не ви е тешко да живеете скромно и да се откажете од секој вид на луксуз. Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте виделе нови, стари, искинати, валкани или сте ги облекле, соблекле или закрпиле пантолоните, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста. Дефиниција за панталониПанталоните се дел од облеката што го покрива долниот дел од нашето тело. |